По молитвата Ангел Господов на 8 декември 2019 година, Папата посебно ја спомна Гватемала каде за блажен е прогласен Џакомо Милер примерен воспитувач на младите, член на заедницата Браќа на христијанските училишта кој е убиен од омраза кон верата. Папата изрази надеж дека неговото мачеништво ќе ги зајакне патиштата на правдата, мирот и солидарноста во тој драг народ и земја.
Гледајќи на утрешниот самит во Париз во текот на кој главно прашање ќе биде Украина, Папата ги загарантира своите молитви, за тој потфат на дијалог во земјата и во народот да придонесе да се воспостави мир.
На крајот, Светиот Отец ги поздрави сите присутни верници и поклоници, напоменувајќи дека празникот на Безгрешното зачнување на Пресвета Богородица го означува почетокот на лауретанскиот јубилеј и отворањето на Светите врати.
Ватикан њуз/к.мк