Папата: Љубовта Божја плаче заради нашата неверност

Папата: Љубовта Божја плаче заради нашата неверност

Во проповедта на светата Литургија во капелата на домот Света Марта, на 17 ноември 2016 година Светиот Отец говореше за Божјата љубов и човечкото неверие.

Коментирајќи го Евангелието кое вели дека Исус плаче над Ерусалим, Папата објасни зошто плачел. Исус плаче затоа што се сеќава на историјата на „својот народ.“ Од една страна е „неизмерната“ Божја љубов, а од друга страна е неверниот, прељубнички, идолопоклонички одговор на себичниот народ.“ Можеби изгледа дека е псовка „лудата љубов на Бог кон својот народ“, но не е, вели Папата, истакнувајќи дека Исус се сеќава на пророците како што се Осија и Јеремија кои ја опишуваат Божјата љубов кон Израил. Во денешното Евангелие Исус се жали: „оти не си го позна времето кога беше посетен“ – рече Папата додавајќи:

Токму тоа го натажува Исус Христос, таа историја на неверство, историјата на не препознавање на Божјата благодат, Божјата љубов, заљубениот Бог кој те бара затоа што и ти си несреќен. Исус во тој момент видел што го чека како Син. И плачел… „оти не си го позна времето кога беше посетен“. Ова драма не се одвивала само во историјата и завршила со Исус. Таа се одвива секој ден. Тоа е и моја драма. Секој од нас може да се запраша: Дали го препознавам времето кога сум посетен? Кога Бог ме посетил?

Папата истакна дека завчера литургиските читања поттикнува на размислување за трите причини за Божјата посета: заради поправање, заради стапување во разговор со нас и „за да се повика во нашиот дом.“ Кога Бог сака да поправи, повикува на промена на животот. Кога сака да разговара со нас ни вели: „Јас тропам на вратата и викам. Отвори ми! А за да го повика Закхеј во својот дом му вели да слегне. Папата поттикна да се запрашаме какво е нашето срце, да ја преиспитаме совеста, да се запрашаме дали знаеме да ги слушаме Исусовите зборови кога тропа на мојата врата и вели: „Поправи се! Секој од нас е во опасност – рече Папата додавајќи:

Секој од нас може да падне во гревот кој го направил еврејскиот народ, во гревот на Ерусалим: да не го препознае времето кога сме посетени. Бог пак секој ден нѐ посетува, секој ден тропа на нашата врата. Тоа треба да научиме да го препознаеме ако не сакаме да западнеме во непријатна ситуација: Колку посилно ги љубев, колку посилно ги повикував, тие од мене повеќе се оддалечуваа. Дали секој ден ја преиспитуваш совеста за тоа? Дали Господ денес ме посети? Дали го слушнав неговиот повик, некое вдахновение за да го следам од блиску, да направам некое дело на милосрдието, малку повеќе да се молам? Господ на безброј начини нѐ повикува за да се сретне со нас – рече Папата.

За Папата е главно да се препознае кога Исус доаѓа во посета за да го отвори нашето срце. Исус плаче не само заради Ерусалим, туку заради сите нас. Тој го дава својот живот за да ја препознаеме неговата посета. Свети Августин зборувал: „Се плашам од Бог Исус кога доаѓа? Зошто се плашиш? Се плашам дека нема да го препознаам!“ Ако во своето срце не бидеш внимателен никогаш нема да знаеш дали Исус те посетува. Нека Господ на сите ни ја даде милоста за да го препознаеме времето кога ќе нѐ посети и кога ќе нѐ посети да ја отвориме вратата на Исуса за срцето да ни се зголеми во љубовта и во љубовта да му служи на Господ – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот