Светиот Отец на 9 февруари 2017 година ја прими делегацијата на Антидефамациската лига поттикнувајќи ги да ја негуваат правдата и хармонија, додавајќи „дека борбата против антисемитизмот може да се искористи за делотворно оружје како информација, така и формација.“ Антидефамациската лига е основана 1913 година „како би спречила клеветење на еврејскиот народ и осигурување на правдата и правичниот однос кон сите“. Денес Папата Фрањо, како и неговите преттходници свети Иван Павле II и Бенедикт XVI, ја прими делегацијата на таа организација која има односи со Светиот Престол уште од Вториот ватикански собор.
Папата на присутните им рече: „И додека културата на средби и помирување раѓаат живот како што и побудува надеж, ‘не – културата’ за омраза сее смрт и жнее очај, потсетувајќи на минатата година за посетата на логорот на смрт Аушвиц/Биркенау. „Не постојат зборови ниту мисли пред таквите страшни злодела и гревови; постои молитва, Бог да се смилува и вакви трагедии никогаш да не се повторат“, истакна Светиот Отец. Осудувајќи го антисемитизмот во сите негови облици, Папата повторно потврди дека „Католичката Црква се чувствува посебно должна во соработка со нашите еврејски пријатели да направи сѐ што е можно како би ги одбила сите антисемитски параметри.“
Денес многу повеќе од било кога претходно – продолжи папата Фрањо – „борбата против антисемитизмот може да се искористи како делотворно оружје како што се информацијата и формацијата. Соочени со насилство кое се шири во светот, Папата истакна „дека сме повикани на уште поголемо ненасилство, кое не значи пасивност, туку активна промоција на доброто“, кое вклучува достоинство на секој човечки живот од зачнувањето до природната смрт. Светиот Отец на крајот ја поттикна делегацијата да сее семе на доброта, негувајќи ја правдата, посветувајќи се на хармонијата и поддржувајќи ја интеграцијата, така што само на тој начин „можеме да ги жнееме плодовите на мирот.“
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк