Папата Фрањо рече дека народите на Палестина и Израел се секој ден во неговите мисли и молитви и им ја нуди својата прегратка во овие мрачни моменти. Тој апелираше за прекин на насилството, итна акција за спасување и хуманитарна помош за оние во потреба.
Обраќајќи им се на присутните на плоштадот Свети Петар по неделната молитва Ангел Господов, на 12 ноември 2023 година, папата Фрањо се осврна на многу сериозната ситуација во Израел и Палестина, нагласувајќи ја својата близина со сите оние кои страдаат, со народот на Палестина и Израел. Рече дека секојдневно се во неговите мисли и молитви и дека ги прегрнува во овие мрачни моменти.
Нека замолчи оружјето, тоа никогаш нема да донесе мир и нека не се шири конфликтот понатаму! Доста е! Доста е, браќа, доста! Во Газа мора веднаш да им се помогне на ранетите, да се заштитат цивилите и да се достави многу повеќе хуманитарна помош до ова исцрпено население. Нека бидат ослободени заложниците меѓу кои има многу стари лица и деца. Секој човек, без разлика дали е христијанин, Евреин, муслиман, од кој било народ или вера, секој човек е свет, скапоцен во очите на Бога и има право да живее во мир. Да не губиме надеж: неуморно да молиме и да работиме на тоа чувството на хуманост да надвладее над тврдокорноста на срцето.
Ватикан њуз/к.мк