Папата ја изрази својата близина со ирачките христијани

Во својот поздрав до поклонениците од арапското говорно подрачје за време на Генералната аудиенција во среда 3 септември 2014 година, папата Фрањо ја изрази својата близина со ирачките христијани.

„Од срце ги поздравувам поклонениците од арапското говорно подрачје, посебно оние од Ирак. Црквата е мајка и како и секоја мајка знае да ги прати децата во потребите, да го подигне паднато, да го лекува болното, да го бара загубеното, да го разбуди од сон заспаното и да ги одбрани незаштитените и прогонетите деца. Денес сакам да ви ја загарантирам, посебно на оние последните, својата близина; вие сте во срцето на Црквата; таа страда со вас и се гордее со вас; вие сте нејзината сила и конкретно и автентично сведоштво на нејзината порака за спасение, простување и љубов. Господ нека ве благослови и штити“, порача Папата во своето обраќање во верниците од арапското говорно подрачје.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот