Папата Фрањо на 15 септември патува за Сицилија во пасторална посета на Пјаца Армерина и Палермо.
На 15 септември 2018 година Светиот Отец ќе ја посети Сицилија по повод 25 годишнината од смртта на блажен Пино Пуглиси парох во населбата Палермо Бранкачо, борец против организираниот криминал, убиен од страна на мафијата во 1993 година.
Папата најпрво во утринските часови ќе ја посети „Пјаца Армерина“, а потоа „Форо Италико“ во Палермо, во 11.15 часот ќе го предводи свеченото литургиско славење на празникот на блажен Пино Пуглиси.
Потоа во 13.30 часот во „Мисија на надежта и делотворната љубов“ папата Фрањо ќе руча со гостите на мисиите, затворениците и мигрантите, а во попладневните часови ќе ја посети парохијата „Свети Гаетан“ во квартот Бранкасио и куќата на блажен Пино Публиси.
Поглаварот на Католичката Црква во 15.30 часот во катедралата во Палермо ќе се сретне со претставници на клерот, монаси и монахињи и семинаристи, а во 17.00 часот на плоштадот Политеама со младите.
Ика/к.мк