Папата: Црква нека овозможи натприродни хоризонти

Папата: Црква нека овозможи натприродни хоризонти

Католичките училишта и универзитети се во служба за раст на човештвото, во дијалогот и надежта – рече папата Фрањо на 9 февруари 2017 година на аудиенција на учесниците на Генералното собранието на Конгрегацијата за католичко образование, заедно со директорот на Конгрегацијата Џузепе Версалди.

На хоризонтите за евагелизација постојат очекувања кои треба да се разгледаат за да се овозможи добар придонес за посланието на Црквата. (…) Помеѓу итните прашања со кои треба да се соочиме – истакна папата Фрањо – е продорниот индивидуализам кој нѐ прави човечки сиромашни и културно неплодни. Поради тоа е потребно да се хуманизира образованието.

Училиштата и универзитетите имаат потполна смисла само во однос на формацијата на личноста. Сите едукатори затоа се повикани да им помагаат на младите да бидат градители на посолидарен и мирољубив свет – рече Папата, истакнувајќи дека католичките воспитни институции, покрај тоа, имаат послание да овозможат хоризонти отворени кон натприродното.

Втората работа која се очекува – рече Светиот Отец – е во тоа да расте културата на дијалогот, и тоа во светот кој што стана „глобално село“, во кој секој човек припаѓа на човечкиот род и ја дели надежта за подобра иднина со целото семејство на народите. Истовремено, за жал, – предупреди Папата – има многу облици на насилство, сиромаштво, искористување, дискриминација, маргинализација, ограничување на пристапот до основните слободи кои што создаваат култура на отфрлување.

Католичките образовни институции затоа се повикани први да го практикуваат темелот на дијалогот кој подготвува за средба и вреднување на културните и верските разлики. Дијалогот, имено, – според зборовите на Папата – поттикнува личноста кон другите да се однесува со почитување, ценење, искрено слушање, и кога искрено се изразува, не криејќи го или намалувајќи го сопствениот идентитет е зацврстен со евангелско вдахновение. Младите генерации, ако се христијански воспитани за дијалог, ќе знаат да градат мостови и да пронајдат нови одговори за бројни предизвици на денешното време.

И на крај, исто така се очекува дека образованието знае да „сее надеж“. Уверен сум дека на денешните млади најмногу им е потребен живот кој гради иднина – рече папата Фрањо. Поради тоа вистинскиот едукатор е како таткото и мајката кои го пренесуваат животот способен за иднината. Затоа е потребно да се слушаат младите – истакна Папата додавајќи дека тоа ќе биде направено на следната бискупска синода посветена токму на младите.

РВ/кмк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот