Папата: Црквата е слободна во Духот, а затворена во законот
Во своето одење во верата Црквата и секој христијанин треба да внимаваат да не се затворат во системот на нормите, туку треба да дадат простор на „сеќавањето“ на даровите кои ги примиле од Бог, динамизот на „пророштвата и хоризонтот на „надежта“ – рече Папата на Литургијата на 30 мај 2016 година.
Во животот со вера премногу големата доверба во нормите – рече папата Фрањо – може да ја загуши вредноста на сеќавањето и динамизмот на Духот. Исус во денешниот евангелски дел тоа им го покажува на книжниците и фарисеите – кои сакале да го замолчат – користејќи ја параболата за лозарите убијци.
Наемниците на кои сопственикот им го доверил добро организираното лозје одлучуваат да се побунат, мрморејќи и убивајќи ги слугите кои господарот ги испраќал за да го земат делот од родот кој му припаѓа. На крајот го убиваат и синот на сопственикот кој му бил единец, со што злите лозарите сакале да го приграбат целото негово наследство.
Казуистика и слобода
Убиството на слугите и синот – кои се слика на библиските пророци и Христос – ја покажуваат сликата на „народот кој е затворен сам во себе, кој не се отвора за Божјите ветувања, кој не ги очекува Божјите ветувања. Народ без сеќавање, без пророштво и без надеж“ – рече папата Фрањо. Народните поглавари ги интересира само подигнувањето на законските ѕидови „затворен правен систем“ и ништо друго.
Сеќавањето не ги интересира. А пророштвото? Подобро да не доаѓаат пророци? Што е со надежта? Секој и онака ќе ја види – така Папата го опиша системот на „книжниците, телозите кои секогаш оделе по патот на казуистиката и не ја дозволувале слободата на Светиот Дух; не го препознале Божјиот дар, дарот на Духот и сакале да го обликуваат затоа што“ – како што рече – „не дозволуваат пророштво и надеж.“На тој верски систем се обраќа Исус; систем кој според Папата, свети Петар во своето Прво Послание го опишува како „расипан, монденски и похотлив.“
Сеќавањето ослободува
И самиот Исус бил искушуван да го загуби сеќавањето на своето послание, да не даде место на пророштвото; предност да даде на сигурноста наместо на надежта – што е смета Папата – суштина на искушението во пустината. „Таките луѓе Исус ги опоменувал затоа што самиот го познавал тоа искушение: „Вие го обиколувате половина свет за да стекнете еден кој се преобратил и кога ќе го пронајдете го правите роб.“ Така организиран народ, така организирана Црква создава робови! Затоа се разбира реакцијата на свети Павле кога зборува за ропството на законот и слободата која дава милост. Ослободен народ, ослободена Црква која има сеќавање која им дава место на пророците, која не ја губи надежта.“
Отворено или затворено срце?
Добро организиран живот – истакна Светиот Отец – е „слика на народот Божји, слика на Црквата, а исто така и слика на нашата душа“, за која Отецот се грижи со „голема љубов и нежност.“ Да се побуните против него како лозарите убијци значи „да го изгубите сеќавање за дарот“ кој сме го примиле од Бог. Важно е „секогаш да се враќаме на корените“ за да имаме живо „сеќавање и да не згрешиме во одењето.“
„Се сеќавам ли на чудата кои Господ ги направил во мојот живот? Се сеќавам ли на Господовите дарови? Можам ли да го отворам срцето за пророците односно оние кои ми кажуваат: „Ова не е добро, треба да одиш таму; оди напред, ризикувај? Тоа го прават пророците… Дали сум отворен за тоа или сум исполнет со страв и повеќе се затворам во кафезот на законот? И на крајот: се надевам ли на Божјите ветувања како што тоа го правел нашиот татко Авраам кој си заминал од својата земја, не знаејќи каде оди, само затоа што се надевал во Бог? Би било добро да си ги поставиме тие прашања“ – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/к.мк