Во недела попладне на 4 јули 2021 година, Папата Фрањо е примен во римската болница Џемели каде треба да му се изврши операција на дебелото црево, објави Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Портпаролот Бруни истакна дека Папата пати од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево, што е состојба која може да предизвика болки во стомакот, надуеност и промени во системот за варење.
Бруни наведе дека операцијата ќе биде изведена „касно во неделата.
к.мк
Категорија:
Ватикан