Папата Фрањо: Христијанскиот брак е траен договор на љубов помеѓу маж и жена кој бара вистинска жртва

Најголемата сиромаштија е Христовата отсутност, која се одразува во злите општества – од семејството во криза, до ширење на корупција и до општа морална деградација. Треба да го оживееме скапоцениот дар на верата, и тоа со евангелизација која е знак на радост и помирување со Бог“, истакна папата Фрањо во говорот кој на 25 април пред епископите од Јужноафриканската Република, Боцвана и Свази, кои ги прими во аудиенција по повод нивната посета „ад Лимина

Како што е веќе вообичаено на аудиенциите „ад Лимина“ , првите зборови на Папата се посветени на светците кои ја основале Црквата на јужниот дел од африканскиот континент, патувачките мисионери – како што рече – кои во текот на два века граделе цркви, училишта и болници, а чие наследство блеска и денес и се одразува во моменталниот подем на парохиите и тоа покрај големите растојанија помеѓу заедниците, недостатокот на материјални средства и ограничениот пристап до светите Тајни – рече Светиот Отец.

Но, битката за верата во тие три африкански земји од кои доаѓаат епископите, се води на бројни подрачја. Папата Фрањо затоа потсетува на секојдневно служење на Црквата на најранливите деца Божји: вдовиците, самохраните мајки, разведените, децата изложени на опасности, а посебно милионите деца кои поради АИДС останеле без родители. Забележувајќи дека помошта од земјите кои некогаш биле мисионерски доаѓа сѐ помалку, Папата истакна дека затоа локалните Цркви се принудени сѐ повеќе да се потпираат на сопствените сили, упатени во повеќе насоки, кои исто така сериозно одговараат на пасторалните предизвици.

Осврнувајќи се на тие предизвици, Папата забележа дека католичките семејства имаат сѐ помалку деца, а тоа се одразува на бројот на свештеничките звања и на верскиот живот. Некои католици се одделуваат од Црквата, свртувајќи се на групи кои како да ветуваат нешто подобро. Абортусот пак – рече Папата – ја зголемува болката на многу жени кои во себе носат длабоки телесни и духовни рани, откако попуштиле на притисоците на световната култура која го обезвреднува Божјиот дар на сексуалност и правото на живот на детето кое треба да се роди. Сѐ повеќе има разделби и разводи кои се одразува на стабилноста на децата и кои исто така го зголемуваат насилството над жените и децата – рече Светиот Отец.

Светоста и неразрешливоста на христијанскиот брак кој често се распаѓа под големиот пристисок на лаичкиот свет треба подобро да се запозна низ јасна наука, и да се поддржат ангажираните брачни двојки, рече Папата.

Христијанскиот брак – повторно истакна Папата – траен договор на љубов помеѓу маж и жена кој бара вистинска жртва за да може да се оддели од лажните замисли за сексуална слобода со цел промовирање на брачната верност. Тука Светиот Отец ја спомна пасторалната програма за подготовка на брак која се темели на точно одредена наука на Иван Павле II – според зборовите на Папата – покажува дека е неопходно потребно оружје во пренесувањето на ослободителната вистина за христијанскиот брак.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот