На 21 јуни папата Фрањо пристигна во Наполи, каде учествуваше на научна конференција на теолошкиот факултет на Јужна Италија, насловена „Теологија по Veritatis Gaudium во контекст на Медитеранот”.
Кратко после 9.00 часот Папата пристигна со хеликоптер во паркот Вирџилијано каде беше пречекан од градоначалникот на Наполи Луиџи де Магистрис, претседателот на регионалниот совет на Кампанија, Винченцо Де Лука и архиепископот на Наполи Крешенцио Сепе.
Четири години по првата посета, Светиот Отец се враќа во Наполи, овој пат меѓу студентите и професорите. Тој беше пречекан во Папскиот теолошки факултет од кардиналот Крешенцио Сепе, архиепископ на Наполи и голем канцелар на факултетот и од отец Артуро Соса, голем генерал на Друштвото Исусово, на кој е доверен факултетот од XVI век.
Ватикан њуз/к.мк