Придонесот на теолошката работа и мисла на Бенедикт XVI и понатаму е плоден и делотворен; сите го чувствуваме неговото духовно присуство, рече папата Фрањо на 1 декември 2022 година за време на церемонијата на врачување на наградата Рацингер за 2022 година, доделена на Исусовецот отец Мишел Феду и за прв пат на припадник на јудаизмот, професорот Јозеф Халеви Хоровиц Вајлер.
Сите го чувствуваме духовното присуство на почесниот Папа и неговата молитвена придружба за целата Црква – рече папата Фрањо, претседавајќи со свеченоста на врачување на овогодинешната Награда Рацингер и спомена моменти од лични, братски и срдечни средби доживеани во минатите години со Бенедикт XVI, нагласувајќи ја силата, плодноста и актуелноста на мислите на неговиот претходник.
За мене не недостасуваат моменти на лична, братска и срдечна средба со почесниот Папа. Но, оваа прилика е важна повторно да се потврди дека придонесот на неговото теолошко дело и воопшто неговата мисла и понатаму е плодна и делотворна.
Реформа и континуитет
Шеесет години од почетокот на Вториот ватикански собор, Папата потсети на улогата на Јозеф Рацингер, најпрвин како експерт за време на работите, а потоа и како водач на црковната заедница во спроведувањето на тој важен настан. Тој ни помогна темелно да ги читаме соборските документи, предлагајќи ни ја херменевтиката на реформите и континуитетот и ни ја покажа нејзината клучна функција за преобликување на централното прашање за природата и посланието на Црквата во наше време – рече Папата и додаде: Теолошкиот придонес на Бенедикт XVI сè уште е упориште; не се насочени кон минатото, туку се плодни за иднината, за спроведување на соборот и за дијалогот меѓу Црквата и денешниот свет.
Тој придонес ни дава солидна теолошка основа за правецот на Црквата; „живата“ Црква, која нè научи да ја гледаме и да живееме во заедништво, и која е во движење – во „синода“ од Господовиот Дух, секогаш отворена за навестување на Евангелието и служење на светот во која живее.
Жива мисла
Станува збор за служење на многу актуелни и дискутабилни подрачја како што се интегралната екологија, човековите права, средбата на различни култури. Ова го покажуваат профилите на овогодинешните добитници на Наградата Рацингер: Исусовецот отец Мишел Феду и професорот Јозеф Халеви Хоровиц Вајлер. Римскиот бискуп го нарече отецот „маестро на христијанската теологија“, важен наследник на големата француска теологија“.
Познавањето на верската традиција ја зајакна неговата жива мисла, која знаела да се соочи со актуелни прашања од областа на екуменизмот и односите со другите религии.
Во име на меѓурелигискиот дијалог
Првиот добитник на Наградата Рацингер за припадник од јудаизмот припадна на професорот Вајлер, кој пак истражуваше, во договор со Бенедикт XVI, прашања кои, според мислењето на папата Фрањо, се многу важни: од односот меѓу верата и правниот разум до кризата на правниот позитивизам и конфликти предизвикани од неограниченото проширување на субјективните права; до правилното разбирање на остварувањето на верската слобода во култура која има тенденција да ја префрли верата во приватната сфера.
Папата Бенедикт XVI отсекогаш ги сметал овие теми за централни во дијалогот на верата со современото општество. Професорот Вајлер не само што спроведе темелно истражување за нив, туку и зазеде смели позиции во потрагата по консензус за основните вредности и надминување на конфликтите за општото добро. Тоа е знак на голема надеж дека еврејските и христијанските верници можат да се обединат во ова.
Папата Бенедикт отсекогаш ги сметал овие теми за Затоа, доделувањето на наградата на папата Франциско е причина за радост. во дијалогот на верата со современото општество. Професорот Вајлер не само што спроведе темелно истражување за нив, туку и зазеде смели позиции во потрагата по консензус за основните вредности и надминување на конфликтите за општото добро. Тоа е знак на голема надеж дека еврејските и христијанските верници можат да се обединат во ова.
Затоа, доделувањето на наградата за папата Фрањо е причина за радост.
Во еден тежок момент, кога тоа беше доведено во прашање, папата Бенедикт решително и гордо истакна дека од самиот почеток целта на неговата лична теолошка работа била да ги сподели и промовира сите чекори за помирување меѓу христијаните и Евреите, почнувајќи од Соборот. Јас, пак, продолжив во таа насока, со понатамошни чекори, во духот на дијалогот и пријателството со Евреите кои секогаш ме охрабруваа за време на мојата служба во Аргентина.
Ватикан њуз/к.мк