Папата Фрањо: Средбата во Бари беше уверлив знак за единство на христијаните

Папата Фрањо: Средбата во Бари беше уверлив знак за единство на христијаните

Вчера во Бари со патријарсите на Црквите од Блискиот Исток и нивните претставници поминавме посебен ден во размислување и молитва за мир во тие краеви – потсети папата Фрањо после пладневната молитва Ангел Господов во недела 8 јули 2018 година и нагласи: Му благодарам на Бог за таа средба која беше уверлив знак за единство на христијаните и која го покажа воодушевеното учество на Божјиот народ. Уште еднаш се заблагодарувам на браќата поглавари на Црквите и оние кои ги претставуваа. Благодарам на надбискупот од Бари, соработниците и сите верници кои нѐ придружуваа и помагаа во молитвата, како и со радосното присуство.

Денес е „недела на морето“, посветена на морнарите и рибарите – истакна Светиот Отец и продолжи: Молам за нив и за нивните семејства како и за капеланите и волонтерите од „Апостолатот за мориња“. Посебно мислам на оние кои живеат на море во недостојни услови за работа, како и за ние кои се залагаат за ослободување на морето од загадувањата – рече на крајот папата Фрањо.

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот