Светиот Отец ја предводеше светата Литургија на IV Светски ден на сиромашните, на 15 ноемри во базиликата Свати Петар.
Папата Фрањо го воспостави Светскиот ден на сиромашните во 2016 година, а се одбележува на 33. недела во годината, оваа година е под мотото „Пружи ја својата рака на сиромавиот.“
Во хомилијата Светиот Отец се осврна на Евангелието на денот (Мт 25, 14-30) во кое Исус проповеда за параболата за талентите.
Папата толкуваше дека параболата фрла светло на почетокот, на средината и на крајот на човечкиот живот.
„Сè започнува со големо добро“. Нашиот живот започнал со Божјата милост и тогаш ни се доверени различни таленти, рече Папата. „Поседуваме големо богатство кое не зависи од она што го поседуваме, туку од она што сме: животот кој сме го добиле, доброто во нас, неизбришливата убавина која Бог ја дава создавајќи нè на своја слика.“ Исто така предупреди на искушението да се гледа само што во живеењето недостасува како подобра работа или повеќе пари. „Барем“ се неостварливи зборови кои нè спречуват да ги цениме своите таленти и да ги искористиме, истакнува. Господ бара од нас максимално да го искористиме сегашниот момент, не копнеејќи за иднината, туку неуморно чекајќи го неговото враќање.“
Папата Фрањо продолжи размислувајќи за средината на параболата и средината на животот: „тоа е работата на слугата, односно служењето. „Служењето е и наша работа оној кој прави талентите да вродат со плод и му даваат смисла на животот: оние кои не живеат за да служат, всушност не се корисни,“ нагласи тој.
Утврди дека Евангелието јасно порачува дека добри слуги се оние кои ризикуваат. Не држејќи се до она што го поседуваат, добрите слуги на добар начин ги користат своите таленти и не се исплашени или премногу внимателни. „Бидејќи доброто ако не се вложува се губи; затоа што величината на нашиот живот не зависи од тоа колку штедиме, туку од тоа колку плодови донесуваме.“
Папата рече дека животот насочен на акумулирање на имот, наместо правење добри дела е празен. „Причината зошто имаме дарови е да можеме да бидеме дарови.“
„Како тогаш да служиме како што Бог сака?“ праша Светиот Отец. Според Исусовата парабола господарот му зборува на неверниот слуга кој го закопал својот талент дека требало да го вложи кај трговците за да заработи камата. Тие трговци се сиромашните, толкуваше Фрањо. „Сиромашните ни гарантираат вечни приходи, рече Папата. „Дури и сега ни помагаат да се збогатиме во љубовта. Бидејќи најлош вид на сиромаштво против кое треба да се бориме е нашето сиромаштво на љубовта. Светиот Отец додаде дека христијаните можат едноставно да ги умножат своите талент пружајќи рака на сиромашните, наместо да го бараат она што недостасува.
Потоа се осврна на она што параболата го порачува за крајот на животот. Кога нашиот живот ќе заврши и ќе се открие вистината рече, „маскирањето на овој свет ќе избледи со своето сфаќање дека успехот, моќта и парите на животот му даваат смисла, додека љубовта – љубовта која сме ја дале, ќе биде откриена како вистинско богатство.“ Повика „ако не сакаме животот да го живееме лошо, да замолиме за милост Исуса да Го видиме во сиромашните, да Му служиме на Исус во сиромашните.“
Како пример Светиот Отец го спомна италијанскиот свештеник Роберт Маглесини убиен пред два месеци додека служел на сиромашните. Убиен во својата парохија „Свети Роко“ во Комо на северот на Италија. Убиецот наводно бил туниски мигрант со ментални проблеми, на кој отец Роберто му помагал. „На овој свештеник не го интересирале теории“, рече Папата. „Едноставно го видел Исус во сиромашните и ја пронашол смислата на животот во служењето на нив. Ги бришел нивните солзи со својата благост, во името на Бог Утешителот.“
„Почетокот на неговиот ден била молитвата, да ги прими Божјите дарови. Средината на неговиот ден била добротворноста за примената љубов да вроди со плод. Свршетокот бил неговото јасно сведочење на Евангелието, “ заврши Папата.
„Браќа и сестри да молиме за милоста да не бидеме христијани на зборови, туку на дела. Да донесеме плод, како што Исус сака. Нека така биде.“
Ватикан њуз/к.мк