На Првата Недела на Словото Божјо, папата Фрањо вдахнувајќи се од литургиските читања, го истакна почетокот на Исусовото делување, напоменувајќи дека првата Исусова порака до човештвото е: Бог не е далеку; Оној Кој престојува на небото, слегна на земјата и стана човек; ги отстрани пречките и ја намали оддалеченоста.
Силата на Словото Божјо води од темнина во светлина. Да бидеме свесни за бесплатна Божја љубов и да сфатиме дека Бог дојде лично да нè посети станувајќи човек, ни овозможува да ја разбереме првата Исусова порака до човештвото – рече папата Фрањо во проповедта на Првата Недела на Словото Божјо, вдахнувајќи се од реченицата од светото Евангелие за денешната Литургија: Обратете се зашто се приближи Царството небесно!“ Царството небесно е Божјо царство. Исус ни рече дека Царството небесно е блиску односно Бог е блиску – рече Папата и истакна: Тоа е новоста и првата порака: Бог не е далеку, Оној Кој престојува на небото, слегна на земјата и стана човек. Ги отстрани пречки и ја намали оддалеченоста. Не го заслуживме тоа.
Тоа е порака на радоста која ја вкоренила и поставила љубовта која бара да го промениме животот затоа што започна ново време кое нè води од темнина во светлина – рече Светиот Отец и поттикна: Променете ги животите затоа што заврши времето на животот за себе и започна времето на животот со Бог и за Бог, со другите и за другите, со љубовта и за љубовта. Исус денес ни повторува дека е блиску, да Му направиме место во својата внатрешност и нашиот живот ќе се промени. Заради тоа Господ ни го дава своето Слово, за да го примиме како љубовно писмо кое е напишано за нас, за да почувствуваме дека ни е блиску.
Божјото Слово нè утешува и охрабрува; во исто време предизвикува преобраќање, нè тресе и ослободува од себичноста која нè прави неподвижни. Неговото Слово може да ни го промени животот и да ни помогне од темнина да преминеме во светлина. Исус започна да проповеда „во краишта кои биле обвиени со темнина“. Имено, Божјото Слово кое спасува не бара сочувани, чисти и сигурни места. Тоа доаѓа во нашата сложена ситуција и темнина. Исус знае дека само Неговото простување нè оздравува, само Неговото присуство преобразува и само Неговото Слово обновува. На Него да Му ги отвориме своите тајни патишта кои ги сокриваме, да дозвололиме во нас да влезе Неговото Слово, кое е делотворно и ги расудува наканите и мислите на срцето – рече меѓу останатото папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк