Папата Фрањо ја посети базиликата Света Марија Велика по неговото враќање во Рим и се помоли пред иконата на Пресвета Богородица во знак на благодарност за неговото Апостолско патување во Јужен Судан и Демократска Република Конго.
Според традицијата, папата Фрањо во недела 5 фавруари 2023 година накратко ја посети базиликата Света Марија Велика, по враќањето во Рим од Јужен Судан, одбележувајќи ја неговата 104. посета на иконата на Пресвета Богородица.
Папата накратко се помоли пред древната икона Maria Salus Populi Romani (Марија спасение на римскиот народ), соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Папата ѝ се заблагодари на Богородица за нејзината мајчинска заштита за време на неговото Апостолско патување во ДР Конго и Јужен Судан.
Древна побожност
И покрај тоа што нејзиното потекло датира многу подалеку, традицијата вели дека иконата на Марија спасение на римскиот народ пристигнала во Рим за време на владеењето на папата Свети Григориј Велики, некаде околу 590 година
Во 2018 година, Ватиканските музеи ја исчистија и реставрираа древната икона.
Ватикан њуз/к.мк