Папата Фрањо продолжува да изненадува: Лично му се јави на Скалфари

Папата Фрањо продолжува да изненадува со својот стил. Дека Светиот Отец телефонски лично се јавува, веќе е добро познато и документирано. Италијанскиот новинар Еугенио Скалфари, кој го водеше интерјуто со папата Фрањо за весникот Ла Република (La Repubblica) сведочи како дојде до неговата реализација: „Ми се јави на мобилниот секретарката, беше многу возбидена и ми рече: Папата е на линија.„ Претходно помеѓу папата Фрањо и Скалфари имаше интензивна размена на писма.

Скалфари известува за текот на телефонскиот разговор со Светиот Отец: „Одденаш го слушнав неговиот глас: Бонџорно, тука е папата Фрањо. Ми напишавте писмо во кое барате средба со мене. Дали ви одговара вторник во 15 часот? – Му реков: Одлично! – Тој возврати: Нека биде во домот Света Марта. А мојот одговор беше: Извинете, не ми многу познато, каде треба да дојдам?

На крајот од разговорот Скалфари му пренесе на Папата дека го има прочитано маратонското интервју објавено во списанието на Дружбата Исусова, на што Папата реагираше спонатано со зборовите: „И? Не заспавте?“

Во петок 4 октомври францускиот весник „Фигаро“ (Le Figaro) пренесува изјава на Скалфари дека од интервјуто со папата Фрањо нема тонска снимка од разговорот, ниту пак има запишувано белешки. Сепак текстот е објавен без согласност на Папата.

Разговорот кој е воден на крајот од семтември е објавен како интервју на 1 октомври во италијанскиот дневен весник Ла Република (La Repubblica), а на 2 октомври го објави ватиканскиот дневник Осерваторе Романо (L’Osservatore Romano).

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот