Папата Фрањо е во Белгија во тридневна апостолска посета полна со настани и средби.
Во четвртокот вечерта, 26 септември 2024 година, по 55-минутниот лет од Луксембург папата Фрањо пристигна во воздухопловната база Мелсбрук во Брисел, започнувајќи го вториот дел од неговото 46 -то апостолско патување во странство.
Први кои му посакаа добредојде во земјата беа апостолскиот нунциј во Белгија, надбискупот Франко Копола и амбасадорот на Белгија во Светиот Престол, Патрик Рено, кои влегоа во Папскиот авион веднаш по слетувањето.
На пистата Папата беше пречекан од надбискупот од Мехелен-Брисел, Малин-Бруксел, Лук Терлинден и делегација на верски и граѓански власти.
Почесната гарда и воениот оркестар ги свиреа националните химни на Ватикан и Белгија. Песни за поздравување на Светиот Отец имаше и од детски хор.
Последниот Папа кој ја посети Белгија беше папата Свети Иван II. во 1995 година.
По кратката церемонија за добредојде, папата Фрањо отпатува во Апостолската нунцијатура каде што ќе престојува за време на неговиот престој во Белгија.
Тој во петок наутро ќе ги посети кралот Леополд Лодевијк Марија и кралицата Матилда д’Удекем д’Акоз во замокот Лаекен пред да се сретне со властите и претставниците на граѓанското општество на кои ќе го упати својот прв официјален говор во таа земја.
Еден белег на оваа посета е одбележувањето на 600-годишнината од основањето на Католичкиот универзитет во Лувен, еден од водечките светски теолошки факултети. Во недела, на 29 септември, последниот ден од посетата, Папата ќе служи света Литургија на стадионот во Брисел каде се очекува да присуствуваат повеќе од 35.000 верници.
Ватикан њуз/к.мк