Папата Фрањо побара помош за заглавените морнари

Папата Фрањо побара помош за заглавените морнари

Папата Фрањо апелира морнарите кои се заглавени во пристаништата ширум светот поради пандемијата со коронавирусот да можат да се вратат дома за Божиќ. Владите треба да се ангажираат за ова – рече Папата по молитвата Ангел Господов во недела 20 декември 2020 година на плоштадот Свети Петар.

„Пандемијата на коронавирусот посебно ги погоди морнарите. Се проценува дека многу од нив, околу 400.000 низ целиот свет, се заглавени на своите бродови, што не е во согласност со нивните договори за работа, и не можат да се вратат дома! Ја молам Дева Марија да ги утеши овие луѓе и сите оние кои се соочуваат со тешкотии. И ги повикувам владите да направат сѐ што е можно овие луѓе да се вратат кај своите најблиски.”

Во порака за екуменската „Недела на морето“, кардиналот Питер Турксон веќе во јули потсети на оваа големата група морнари. Поради правилата за заштита на болести, на многу морнари не им е дозволено подолго време да отсуствуваат од бродот, други пак се заглавени во хотели или засолништа за итни случаи ширум светот – без можност да ги видат своите семејства. Во овој контекст, ватиканскиот претставник се осврна на изолацијата и сериозниот физички и психички стрес, при што предупреди дека многу посади можат да бидат доведени до работ на очај.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот