Папата Фрањо на Г7 состанокот: Вештачката интелигенција не е ниту објективна ниту неутрална
Папата Фрањо се обрати на Г7 состанок во Борго Егнација, во Апулија, Италија. По четири билатерални разговори, тој одржа говор на заедничката сесија со светските лидери во која предупреди за можностите, опасностите и ефектите на вештачката интелигенција: Ќе го осудиме човештвото на иднина без надеж ако им ја одземеме на луѓето можноста да одлучуваат за себеси и нивните животи, осудувајќи ги да зависат од одлуките на машините. Тој, исто така, поттикна на „здрава политика“ со цел за општо добро
Ниту една машина никогаш не треба да одлучува дали ќе се одземе човечки живот – рече папата Фрањо на 14 јуни 2024 година, на состанокот на самитот на Г7 што се одржа во Борго Егнација, во Апулија, Италија, каде што тој е првиот Папа што учествува на ваков настан. Обраќајќи им се на присутните, зборуваше за вештачката интелигенција, таа „фасцинантна алатка“, но во исто време „страшна“ – рече тој – способна да имаме корист или да нанесе штета како и сите „алатки“ што човекот ги создал од почетокот на светот. .
Пристигнување во Апулија
Пристигнувајќи со хеликоптер нешто по 12 часот, папата Фрањо се задржа на билатерални разговори со Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), украинскиот претседател Зеленски, францускиот претседател Макрон и канадскиот премиер Трудо. Во 14 часот замина во салата Арена каде што се поздрави со сите учесници на заедничката сесија.
Итно е неопходно да се разгледа развојот и употребата на таканареченото „смртоносно автономно оружје“
Папата потоа ги изнесе своите размислувања за вештачката интелигенција, тема на која веќе зборува во пораката за 58-от Светски ден на социјална комуникација. Пред мажите и жените кои се одговорни за светот ги разгледуваше можностите, но пред се опасностите и ефектите врз иднината на човештвото. Неговиот поглед е првенствено фокусиран на војните со сè повеќе поповрзани „делови“.
Во драма како што се вооружените конфликти, итно е неопходно да се преиспита развојот и употребата на уреди како што е таканареченото „автономно смртоносно оружје“ со цел да се забрани нивната употреба, почнувајќи веќе со активно и конкретно ангажирање за воведување на поголем и позначаен човечки надзор.
Човечкиот потенцијал
Никогаш да не се случи машините да го убијат човекот кој ги создал. Во своето размислување, папата Фрањо тргна токму од човечката генијалност, за да објасни дека нема предрасуди за научниот и технолошкиот напредок, туку страв од затајување. Науката и технологијата се извонредни продукти на креативниот потенцијал на нас, луѓето – истакна тој. И токму од искористувањето на тој креативен потенцијал што ни го дава Бог, произлегува вештачката интелигенција. Исклучително моќно средство – истакна Папата – што се користи во многу области на човековата активност: во медицината, работата, културата, комуникацијата, образованието, политиката. Сега е оправдано да се претпостави дека неговата употреба сè повеќе ќе влијае на нашиот начин на живот, нашите општествени односи, а во иднина и на начинот на кој го перципираме нашиот идентитет како човечки суштества.
Одлуките треба да ги донесува човекот
Токму затоа, од една страна, воодушевуваат можностите што ги нуди вештачката интелигенција; од друга страна, поттикнуваат страв од последиците што можат да се претпостават. Пред сè – според зборовите на папата Фрањо – неопходно е правилно да се направи разлика помеѓу уред кој може, во некои форми и со овие нови средства, да направи алгоритамски избор и од тука за технички избор помеѓу неколку можности и човечкото суштество кое, напротив, не само што избира, туку е во состојба во своето срце да одлучува.
Поради оваа причина, соочени со чудата на машините кои изгледа дека знаат да избираат самостојно, мора јасно да имаме на ум дека одлуката секогаш треба да се препушти на човечкото суштество, дури и со драматичните и итни тонови со кои понекогаш се појавува во нашите животи.
Загрозено е човечко достоинство
Затоа Светиот Отец одлучно предупреди дека ќе го осудиме човештвото на иднина без надеж, ако луѓето ги лишиме од можноста да одлучуваат за себе и за својот живот, осудувајќи ги да зависат од изборот на машините. Мораме – додаде тој – да го гарантираме и заштитиме просторот на значителна човечка контрола врз процесот на избор на програми за вештачка интелигенција; во прашање е самото човечко достоинство.
Когнитивно-индустриска револуција
Накратко, не се работи само за научен напредок, туку се соочуваме со вистинска когнитивно-индустриска револуција, која – истакна папата Фрањо – ќе придонесе за создавање на нов општествен систем обележан со слоевити епохални промени.
Вештачката интелигенција би можела да овозможи демократизација на пристапот до знаење, експоненцијален напредок на научните истражувања, можност за препуштање на тешката работа на машините; но, во исто време, може да донесе и поголема неправда меѓу напредните земји и земјите во развој, меѓу доминантните општествени класи и угнетените општествени класи, со што ќе ја загрози можноста за „култура на средба“ во корист на „култура на отфрлање“. Тоа е опасноста.
Етика и „алгоретика“
Потоа зборувајќи за етиката, папата Фрањо истакна дека во неа е загрозена човечката состојба на „слобода“ и „одговорност“. Без неа, човештвото ја изопачува целта на своето постоење, претворајќи се во непријател на себе, но и на планетата. Денес изгледа како да има загуба или барем затемнување на чувството за човечкото и привидната безначајност на поимот човечко достоинство – истакна Папата и додаде: Програмите за вештачка интелигенција секогаш мора да бидат насочени кон доброто на секое човечко суштество. Односно, тие мора да имаат етичко вдахновение.
Во таа смисла, Светиот Отец со насклонетост го спомна потпишувањето во Рим, во 2020 година, обележана со пандемијата, Римскиот повик за етика на вештачката интелигенција и поддршката за тој облик на етичка умереност на алгоритмите сумирани во неологизмот „алгоретика“.
Ако се мачиме да дефинираме уникатен сет на глобални вредности, можеме, сепак, да најдеме заеднички принципи за соочување и решавање на сите дилеми или конфликти во животот.
„Здравата политика“ треба итно да делува
Меѓу различните опасности, Папата стравува и од „технократската парадигма“. Токму тука политичкото делување станува „итно“ – посочи тој. Политиката… за многумина денес е „грд збор“ кој потсетува на грешки, корупција, неефикасност на некои политичари, на кои се додаваат стратегиите насочени кон нејзино слабеење, замена со економија или надминување со некаква идеологија. Меѓутоа, дали светот може да функционира без политика? – праша Папата и даде одговор: Политиката е неопходна. Секогаш постои искушение да се стандардизира сè – додаде тој и цитираше роман од почетокот на 20 век, книгата Господар на светот на Роберт Хју Бенсон, која тој веќе ја спомна неколку пати во минатото: англиски роман што прикажува иднина. без политика, прилагодлива иднина. Убаво е да се чита, интересна е – рече Папата.
Затоа, во односот на опишаните сценарија, итно е потребна „здрава политика“ со чија помош ќе можеме да гледаме на нашата иднина со надеж и доверба. Имено, има работи кои треба да се променат преку темелни наметнувања и големи промени, а тие можат да се водат само од здрава политика која ги вклучува најразновидните сектори и најразновидните знаења – рече Папата. На овој начин, економијата интегрирана во политички, социјален, културен и народен проект кој се залага за општото добро може да го отвори патот кон различни можности кои не подразбираат запирање на човечката креативност и неговиот сон за напредок, туку насочување на таа енергија на нов начин – истакна папата Фрањо.
Ватикан нуз/к.мк