Папата Фрањо моли за помирување по бунтот во еден затвор во Хондурас

Папата Фрањо моли за помирување по бунтот во еден затвор во Хондурас

По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо спомна за жртвите од бунтот во затворот во Хондурас и маченичкиот украински народ. Потсети и на Емануела Орланди, девојка која исчезна во 1983 година, а своите мисли ги насочи кон семејствата на сите исчезнати лица.

По молитвата Ангел Господов, во недела 25 јуни 2023 година, Светиот Отец изрази жалење за трагедијата што се случи во вторник, на 22 јуни 2023 година, во еден затвор во Хондурас, каде што животот го загубија 46 жени.

Многу ме нажали она што се случи пред неколку дена во Женскиот канзен центар во Тамара, Хондурас. Страшното насилство меѓу ривалските банди посеја смрт и страдање. Се молам за починатите и нивните семејства. Нека Пресвета Богородица од Сујапа, Мајка на Хондурас, им помогне нивните срца да се отворат за помирување и да направи простор за братски соживот дури и во затворите.

Папата Фрањо потоа ја изрази својата близина со семејството на Емануела Орланди, ватиканска државјанка кој исчезна на 22 јуни 1983 година. Стотина демонстранти, заедно со братот на Емануела, Пјетро, беа на плоштадот Свети Петар носејќи транспаренти и фотографии од девојката.

Деновиве се навршија 40 години откако исчезна Емануела Орланди. Сакам да ја искористам оваа околност уште еднаш да ја изразам мојата близина со семејството, особено со нејзината мајка и ги ветувам моите молитви. Моите мисли се со сите семејства погодени од исчезнување на некоја сакана личност.

Во своите поздрави до присутните ходочасници, Папата уште еднаш ги посвети своите мисли на Украина. Поздравувајќи ги волонтерите на Радио Марија Италија, присутни на плоштадот со голем транспарент, кој, како што рече, ги повикува сите да се стават под заштита на Дева Марија за да му се помолат на Бога за дарот на мирот и посебно да молиме за маченичкиот украински народ – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот