Во проповедта, на литургија во Домот на Света Марта, по летната пауза, папата Фрањо нè охрабри да се молиме за оние што се на власт и за политичарите за да можат да ја извршуваат својата служба со достоинство. Денес, молитвата за нив се чини дека им е навреда – рече Папата, истакнувајќи: Ако народот се моли за владетелите, тие исто така ќе можат да се молат за народот.
Молете се за оние кои се на власт и политичарите за да можат да ја извршуваат својата професија со достоинство – рече папата Фрањо во вотрник 17 Септември 2019 година на литургијата во Домот на Света Марта. Осврнувајќи се на првото читање на денешната литургија од Посланието до Тимотеј, Папата забележа дека целиот Божји народ се охрабрува да се моли со општо барање: „да се без гнев и расправија“ прават „барања, молитви, молби и благодарници за сите луѓе, до кралевите и за сите кои се на власт, за да го поминат мирен и спокоен живот во сета побожност и сериозност “.
Свети Павле ја нагласи молитвата како атмосфера во која живее верникот – рече Светиот Отец и објасни: Тоа е молитва на посредување: „Нека секој се моли за сите за да можеме да поминеме мирен и спокоен живот, достоинствен и посветен на Бога“. Молете се тоа да биде возможно. Но, сакам да застанам на ова: „За сите луѓе, за кралот и за сите оние што се на власт“. Тоа е молитва за оние што се на власт, за политичарите и за оние кои се одговорни за водење политички институции, на некоја земја или покраина.
Тие добиваат ласкање или навреда од нивните симпатизери – рече папата Фрањо и предупреди: Постојат политичари, но и свештеници и епископи; кои ги навредуваат; некои го заслужуваат тоа, но тоа веќе стана навика и еден вид „бројаница на навреди, пцовки и дискредитација“. Сепак, кој и да е на власт е одговорен за водење на земјата, а ние го оставаме сам, не молејќи го Бога да го благослови? Сигурен сум дека за оние што се на власт не се моли, напротив, се чини да се моли за тие што се на власт значи дека ги навредуваат.
Така се однесуваме кон оние што се на власт – рече Папата и продолжи: Но Свети Павле е јасен кога ќе побара да се моли за секој од нив за да можат да работат мирно, спокојно и со достоинство во својот народ. Затоа, Папата потсети и на неодамнешната криза на италијанската Влада и праша: Кој меѓу нас се молеше за оние што се на власт? Кој од нас се молеше за пратениците за да можат да се договорат и да продолжат да ја водат татковината? Се чини дека патриотскиот дух не прибегнува кон молитва, туку кон дискредитација, омраза и расправија, во која и завршува.
„Затоа сакам мажите да се молат на секое место, кревајќи ги рацете чисто без гнев и расправија“- цитираше Светиот Отец, истакнувајќи: „Мора да се расправа, затоа што така функционира парламентот; за тоа мора да се расправа, но не смее да го уништи другиот; напротив, мора да се молиме за другиот и за оној што има различно мислење од нашето. Оние кои мислат дека некој политичар е премногу комунист или корумпиран, Папата, повикувајќи се на денешното евангелие по Лука, не бара да расправаат за политиката, туку да се молат.
Постојат некои кои посочуваат дека политиката е валкана. Но, Свети Папа Павле VI. напоменува дека тоа е „највисока форма на доброчинителство“- рече папата Фрањо, додавајќи: Политиката може да биде валкана како и секоја друга професија. Ние сме тие што валкаме некоја работа, а работата сама по себе не е валкана. Верувам дека мора да се обратиме и да се молиме за политичари од секаков вид. Ние мора да се молиме за оние што се на власт. Тоа е она што Свети Павле бара од нас да го направиме.
Додека го слушав словото Господово, размислував за тој многу убав настан од евангелието за стотникот, кој се моли за еден од неговите слуги. И тие што се на власт мора да се молат за својот народ. Стотникот се моли за слугата затоа што тој е негов слуга и затоа што е одговорен за него. Владетелите се одговорни за животот на една земја. Убаво е да се надеваш дека ако народот се моли за владетелите, дека и тие исто така ќе можат да се молат за народот, исто како оној стотник кој се молел за својот слуга – заврши Папата.
Ватикан њуз/к.мк