Средбата со Божјото Слово нѐ исполнува со радост која е нашата сила – рече папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта на 3 Октомври, истакнувајќи дека неделното славење не може да се разбере без Словото Божјо.
Отворете го своето срце за средбата со Божјото Слово кое нѐ прави радосни – поттикна папата Фрањо на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта. Повикувајќи на внимателно слушање на Божјото Слово, Папата се фокусираше на првото читање за денешната Литургија од Книгата на пророкот Неемија кој зборува за средбата на Божјото народ со Божјото Слово (Неемија 8,1-4а. 5-6. 7б-12).
Првото читање се однесува на конктекстот на обнова на храмот и враќањето од прогонството – рече Светиот Отец и толкуваше: Управителот Неемија разговарал со свештеникот и со книжникот Ездра за тоа на престолот да го „интронизира“ Словото Божјо. Целиот народ се собрал на плоштадот пред Водните порти. Свештеникот Ездра ја отворил книгата пред очите на целиот народ, затоа што тој стоел повисоко од сиот народ, а кога ја отворил целиот народ станал. А левитите го објаснуваа законот на народот.
Тоа е убава работа – рече Папата, истакнувајќи дека ние сме навикнати да ја имаме книгата на Словото Божјо, но наша лоша навика, затоа што на народот му недостасувало Словото Божјо, бил гладен за Словото Божјо, затоа станале кога ја виделе книгата на Словото Божјо – рече Папата и додаде: Замислете со децении народот не се сретнал со својот Бог и со Неговото Слово. Управителот Неемија, свештеникот и книжник Ездра и левитот кои го поучувале народот му рекле на народот: „Овој ден е посветен на Господ.“ За нас христијаните неделата е денот за средба на народот, на семејството и лично нашиот ден со Господ.
Заради тоа Неемија, Ездра и левитити го охрабрувале народот да не плаче и да не тагува – рече Папата и објасни: Имено првото читање зборува како целиот народ плачеше слушајќи ги зборовите на Законот. Плачеле од радост. Кога го слушаме Слово Божјо, што се случува во нашто срце? Дали сме внимателни кон Божјото Слово? Дозволуваме ли да го допре нашето срце или гледаме во таванот мислејќи на други работи и Божјото Слово од едното уво влегува од другото излегува и не доаѓа во срцето? Што правиме за да се подготвиме Божјото Слово да дојде во нашето срце?
Кога Словото Божјо доаѓа во нашето срце тогаш од радост плачеме и славиме – рече Светиот Отец и напомена: Не може да се разбере неделното славење без Словото Божјо. Неемија потоа на народот му рекол: „Одете, јадете… мрсно и пијте слатко, и испратете им делови на оние, што немаат приготвено, зашто овој ден е свет пред нашиот Господ. Сиромашните се секогаш министрантите на христијанското славење затоа што тој ден е денот посветен на нашиот Господ. Средбата со Божјото Слово нѐ исполнува со радост. Христијаните се радосни затоа што во срцето го прифатиле Божјото Слово и постојано го среќаваат и го бараат. Тоа е денешната порака за сите нас. Господовата радост е нашата сила, а не жалост.
Тажните срца ѓаволот веднаш ги соборува, додека Господовата радост нѐ крева и ни дава да гледаме, да пееме и да плачеме од радост. Еден од псалмистите вели дека еврејскиот народ во моментот на ослободувањето од заточеништвото мислел дека сонува, не можел да верува. Истото искуство се случува и на нас кога се среќаваме со Господ во Божјото Слово, тогаш мислиме: Дали тоа е сон? Не можеме да веруваме на таа убавина. Нека Господ на сите нас ни ја даде благодатта да го отвориме своето срце за таа средба со Божјото Слово, да не се плашиме од радоста и славењето на празникот на радоста, како и на радоста која произлегува токму од таа средба со Божјото Слово – заврши папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк