Во понеделник, 5 септември 2022 година, папата Фрањо го именува Луис Хереро Тејадор за директор на новоформираната Управа за човечки ресурси во Ватикан.
Со реформата на Папата за Римската Курија, управувањето со персоналот на Ватикан е префрлено од Државниот секретаријат на Секретаријатот за економија, а е формирана и Управа за човечки ресурси. Покрај кадровскиот избор и планирањата оваа управа е одговорна и за понатамошно усовршување на персоналот и ќе ги поддржува програмите за трајна формација на установите на Светиот Престол.
Секретаријатот за економија ги регулира и надгледува економските, финансиските и административните прашања на Куријата и другите ватикански установи и го објавува годишниот биланс за состојбата, а префект е отец Хуан Антонио Гереро.
Ватикан њуз/к.мк