Папата Фрањо жали за жртвите од пожарот во Лос Анџелес

Папата Фрањо жали за жртвите од пожарот во Лос Анџелес

Во телеграмата потпишана од државниот секретар кардиналот Паролин и упатена до надбискупот на Лос Анџелес, Хозе Х. Гомез, Папата изразува близина со сите семејства кои претрпеа загуби заради трагедијата која ја погоди калифорниската метропола и ги ветува своите молитви за напорите за спасување на персоналот на итните служби.

Папата Фрањо изразува жалење за загубата на човечките животи и огромното уништување предизвикано од големите пожари кои во последните денови ја зафатија областа Лос Анџелес во Соединетите Американски Држави. Во телеграмата објавена на 11 јануари 2025 година, потпишана од државниот секретар, кардиналот Пиетро Паролин, упатена до надбискупот Хозе Х. Гомез, Папата ветува духовна близина со погодени од таа трагедија во која, според проценките, единаесет лица ги загубија животите и е направена непроценлива штета.

Молитви за итните служби

Во пораката, Папата ги доверува душите на упокоените на милосрдната љубов на Семоќниот Бог и упатува искрено сочувство до ужалените. Покрај тоа, Светиот Отец ги вети и своите молитви за персоналот на итната помош да издржи во напорите за спасување на луѓето и имотот.

Повеќе од десет мртви

Најновите извештаи говорат за најмалку шест големи пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес. Единаесет лица загинаа, според последните информации на властите за состојбата со пожарите во метрополата, со напомена дека бројот на жртвите е привремен. На повеќе од 100.000 луѓе им е наредено да се евакуираат, додека десетици илјади се во состојба на готовност. На сликите кои последниве неколку часа кружат на социјалните мрежи се гледаат и куќите на холивудски актери и познати личности уништени од пламен. Во меѓувреме, додека солидарноста почнува да реагира на итни случаи и да помогне во обновата, Мексико извести дека е одлучено да испрати тим пожарникари во Лос Анџелес во знак на солидарност со околу десет илјади колеги од Калифорнија вклучени во гаснењето на пожарот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот