Папата Фрањо ја покажа својата наклонетост кон ерменскиот народ со донирање на медицинска опрема, вклучително и ново амбулантно возило.
Во недела на 25 април 2021 година Апостолскиот нунциј во Ерменија, архиепископот Хозе Бетенкур достави конкретен знак на вниманието и грижа на Светиот Отец. Папскиот претставник го благослови дарот на папата Фрањо за католичката болница „Редемпорис Матер“ во северниот ерменски град Ашоцк.
Според соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол, подарокот се состои од ново амбулантно возило опремено со најнова мобилна медицинска опрема и респиратори за итни случаи за помош на пациенти заболени од Ковид-19.
Надбискупот Бетенкур, придружуван од директорот на болницата, отец Марио Кукароло ја предаде донацијата во Ординаријатот за католиците од ерменски обред во Источна Европа. Католичкиот совет за здравје во Ерменија исто така купи за болницата дополнителна медицинска опрема за тестирање и лекување на пациенти со Ковид-19.
По сѐ изгледа дека Ерменија излегува од третиот бран на заразата со коронавирусот. Во земјата, во која има повеќе од три милиони жители, во последните 24 часа се пријавени 410 нови случаи.
Неколку ватикански организации ги здружија силите за да го олеснат пристигнувањето на дарот на папата Фрањо. Фондацијата Добриот Самарјанин, која е дел од Дикастеријата за целосен човечки развој и Апостолската нунцијатура во Ерменија учествуваа во овој гест на Светиот Отец.
Папата ја испрати донацијата еден ден по Денот на сеќавање на ерменскиот геноцид, кој потсетува на убиството на безброј ерменски христијани за време на Првата светска војна.
Болницата Редемпторис Матер во Ашок ја водат монасите на Света Камила де Лелис, која обезбедува здравствено осигурување со големи субвенции за оние на кои им е потребна помош. Тие исто така нудат бесплатен третман на оние кои не можат да си дозволат здравствена заштита. Монасите на Света Камила де Лелис се грижат за луѓето во регионот на Јужен Кавказ повеќе од 25 години.