Папата Фрањо го прими црногорскиот премиер Абазовиќ

Папата Фрањо го прими црногорскиот премиер Абазовиќ

Во фокусот на разговорите во Државниот секретаријат беше задоволството од билатералните односи и позитивниот придонес на католичката заедница во црногорското општество, состојбата во регионот и пристапувањето во Европската унија.

Дијалог меѓу политичките актери, ситуацијата на Балканот и пристапувањето во Европската унија се дел од темите за кои во Државниот секретаријат разговараше црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кој во понеделник 10 октомври 2022 година во Апостолската палата беше примен од папата Фрањо. По разговорот со Светиот Отец, кој траеше околу 25 минути, црногорскиот премиер се сретна со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин, кој беше придружуван од надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации.

Разговори

За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат беше изразено задоволство од постоечките добри билатерални односи и намерата за натамошно развивање на соработката во области од заемен интерес – соопштува Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Освен тоа, беше истакнат и придонесот на католичката заедница во црногорското општество.

Потоа, соговорниците се осврнаа на внатрешната реалност на земјата, повторно нагласувајќи ја потребата од инклузивен дијалог меѓу сите политички актери, за општото добро на Црна Гора. На крајот се разговараше за некои регионални прашања, вклучително и за состојбата во земјите од Западен Балкан и нивното пристапување во Европската унија – стои во соопштението Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот