Папата Фрањо го прогласи 29 мај за литургиски празник на својот претходник Павле VI (1963-1978) кој го канонизираше на 14 октомври 2018 година.
На 6 февруари 2019 година Светиот Престол објави Декрет за вбројување на празникот за Павле VI во Општиот римски календар. Џовани Батиста Монтини, папа Павле VI за свештеник е ракоположен на 29 мај 1920 година. На денот на неговото раѓање за небо, 6 август се слави празникот Преображение на Господово.
Декретот уште на 25 јануари го потпиша префектот на Конгрегацијата за богослужба и светотаинска дисциплина кардиналот Роберт Сарах.
Ика/к.мк