Папата Фрањо го именуваше Исусовецот Антонио Герера Алвес за префект на Секретаријатот за економија
Папата Фрањо именува нов префект на Секретаријатот за економија, Исусовецот отец Антонио Гуера Алвес досегашен советник на врховниот поглавар на Дружбата Исусовци.
На 14 ноември 2019 година, Папата Фрањо именува нов префект на Секретаријатот за економија, Исусовецот отец Антонио Гуереро Алвес досегашен советник на врховниот поглавар на Дружбата Исусовци и делегат за меѓународната и меѓупровинциска исусовски заедница во Рим. Патер Гуереро е Шпанец, има 60 години, а ќе го замени кардинал Џорџ Пел. Меѓу 360 Исусовци за кои до сега беше задолжен се наоѓаат и оние кои работат за Ватиканското радио и во другите дикастерии на Светиот Престол и во другите институции кои ги води Дружбата Исусовци.
Отец Гуереро до сега работел на интеграција на академските институции во Рим, бил поглавар на Кастилијанските провинции на Дружбата Исусовци и придонесува за интеграција и реорганизација на сите исусовски шпански провинции. Роден е 1959 година во Шпанија. Студирал во Шпанија, Бразил, Франција и САД. Дипломирал економија во 1986 година, филозофија во 1993 година и теологија во 1994 година. На универзитетот во Комилас предавал социјална филозофија и политика, а докторирал политичка филозофија.
Во 2014 година патер Гуереро заминал во Мозамбик и таму работел како економ, координатор на проекти, водел духовни вежби и предавал филозофија. Зборува италијански, англиски, француски, португалски и шпански. Лично изгледа како сѐ да се менува во мојот живот, но во суштина речиси ништо не се менува. На крајот правиме секогаш исто; само една работа, бараме за да бидеме со Господ заблагодарувајќи се за применото добро и ставајќи го сето она што сме и што имаме во Неговата служба и во служба на Црквата – рече Антонио Гуереро Алвес.
Ватикан њуз/к.мк