Папата Фрањо го вклучи надбискупот од Неапол Доменико Батаља во списокот на нови членови на Кардиналскиот колегиум

Папата Фрањо објави дека меѓу имињата на новите кардинали што ќе бидат поставени за време на следниот конзисториум на 7 декември, ќе биде и неговата екселенција Доменико Батаља, надбискуп на Неапол, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол во понеделник 4 ноември 2024 година
„Дон Мимо“, како што е познат надбискупот, има истакната пасторална улога во јужна Италија, со позадина како „уличен свештеник“ посветен особено на младите и оние кои се борат со зависност од дрога. Папата го повика да биде дел од членовите на двете седници на Синодата за синодалност.
Монсињор Батаља е роден во јужниот италијански регион Калабрија, по потекло од Сатријано, Катанцарио и има 61 година. Пред да биде именуван за надбискуп на Неапол, служел како бискуп на епархијата Серето Саннита-Телезе-Сант’Агата де Готи, во провинцијата Беневенто. Студиите по филозофија и теологија ги завршува на Папската регионална семинарија „Сан Пио Х“ во Катанзаро.
За свештеник е ракоположен на 6 февруари 1988 година и служи како свештеник, ректор, директор на бискупските установи и каноник. На 24 јуни 2016 година, папата Фрањо го именува за бискуп на бискупијата Серето Санита-Телезе-Сант Агата де Готи. Бискупското мото ги содржи зборови упатени до Вартимеј, слепиот просјак во Ерихон:- „Не бој се, стани, те вика!”( Довери, наплив, гласи!)
Ватикан њуз/к.мк