Папата Фрањо ги собра стручњаците, и верските лидери во пресрет на конференцијата за климатските промени
Папата Фрањо собра во Ватикан научници, стручњаци и верски лидери на средба за Верата и науката во текот на која од аспект на конференцијата за климатските промени треба да се одржи во ноември во Глазгов, а е потпишан и Заеднички апел. Папата на учесниците им го врачи својот напишан говор во кој поттикнува на усвојување на однесувања и делувања засновани на меѓузависноста и сооговорноста со цел спротивставување на „семето на конфликтите“ кое предизвикува рани на животната средина и на човечката личност.
Сѐ е поврзано, во светот сѐ е тесно поврзано: науката и верата, човекот и сето создание. Заради тоа треба да усвоиме однесувања и делувања засновани на меѓузависноста и соодговорноста на взаемното почитување за да се спротивставиме на „семето на конфликтите“ како што се алчноста, рамнодушноста, непознавањето, стравот и насилството, а кои создаваат рани и на човекот и на животната средина – истакна папата Фрањо во говорот кој го врачи до научниците, стручаците и верските лидери – меѓу кои и големиот имам Ал-Азхар Ахмад ал Тајеб и цариградскиот патријарх Вартоломеј I – кои ги собра токму на првата годишнина од енцикликата „Fratelli tutti“ на средба со наслов „Вера и наука. Според конференцијата Коп26.
Заеднички апел
На денешната средба која како што кажува самиот наслов беше упатена на годишната конференцијата на Организацијата на Обединетите нации која ќе се одржи во Глазгов во Шкотска од 31 октомври до 12 ноември, учесниците потпишаа Заеднички апел во кој меѓу останатото прикажуваат различни воспитни и формативни упатства кои треба да се развијат во корист на заштитата на нашиот заеднички дом.
Само едно човечко семејство
Во говорот кој го предаде на учесниците Папата напомена дека таа средба, која поврзува голем број култури и духовности во само еден дух на братство, ја зајакнува свеста дека сме членови само на едно човеко семејство; секој ја има својата вера и духовната традиција, но нема граници, ниту културни, политички или општествени пречки кои ни овозможуваат да се изолираме – истакна Папата и упати на три клучни поими во размислувањето за таа взаемна соработка, односно на погледот на меѓузависноста и делењето, моторот на љубовта и повикот на почит.
Меѓузависност и делење
Што се однесува до меѓузависноста и делењето, Папата тргна од поимот „божествена хармонија“ која владее во светот на природата, а која покажува дека ниту едно создание не е доволно само за себе; секоj живее зависејќи од другите, за взаемно да се надополнуваат, и тоа во служба еден кон друг. Билките, водата, живите битија, се водат од законот кој Бог го втиснал во нив за доброто на целото создание – истакна Папата и додаде дека признанието дека светот е меѓусебно поврзан значи сфаќање на штетните последици на нашето делување.
Промена на насоката
Истиот тој поим Папата често го употребуваше во текот на долгите месеци на пандемијата. Не можеме да дејствуваме сами. Сечие ангажирање во грижата за другите и за животната средина е важно; ангажирање кое води до многу итните потребни промени на насоката и кои треба да ја зајакнуваат сопствената вера и духовноста. Станува збор за ангажирање кое – според зборовите на Папата, треба постајано да го потикнува моторот на љубовта.
Љубовта е огледало на интензивниот духовен живот. Љубовта која се протега на сите, надвор од културните, политичките и општествените граници; љубовта која интегрира, исто така и најмногу за доброто на последните кои често се оние кои нас нѐ учат да ги надминеме пречките на себичноста и да ги разбиеме ѕидовите на егото.
Семето на конфликтот
Тоа е предизвик – истакна Папата, кој се соочува со потребата на спротивставување на културата на отфрлање која како што изгледа преовладува во нашето општество и која се таложи на она што нашиот заеднички апел го нарекува семе на конфликтот, а тоа е алчноста, рамнодушноста, непознавањето, стравот, неправдата, несигурноста и насилството. Тоа исто е семе на конфликт кој предизвикува „тешки рани“ кои ги нанесуваме на животната средина, како што се климатските промени, дезертификацијата, загадувањето и загубата на билошката разноликост. Тие се рани кои доведуваат до прекин на сојузот помеѓу човечкото битие и животната средина кои треба да бидат огледало на создателската Божја љубов од која произлегуваме и кон која одиме – истакна Папата наведувајќи ги зборовите од енцикликата на папата Бенедикт XVI „Caritas in veritate“.
Почит кон сето создание, ближниот и Бог
Папата од една страна предупредува на примерот и дејстввуањето, а од друга на воспитанието како две нивоа на кои треба да се соочиш со тој предизвик. Нема двоумење дека човештвото никогаш немало толку средства за постигнувањето на таа цел, колку што ги има денес – истакна и потсети на повикот на почитување. Потребно е почитување на ближниот, почитување на себе и почитување на Создателот. Но и взаемно почитување помеѓу верата и науката за да постигнеме дијалог меѓу нив насочен кон грижата за природата, на заштитата на сиромашните, на воспоставување на мрежа на почитување и братство.
Ефикасни одговори на конференцијата Коп26
На крајот папата Фрањо истакна дека конференцијата Коп26 е повикана итно да даде ефикасни одговори на еколошката криза без преседан и на кризата на вредностите во која живееме и да пружи така конкретна надеж на идните генерации.
Ватикан њуз/к.мк