Папата Фрањо ги прими во Ватикан Католикосот на Маланкарската православната сириска црква
Во понеделник, на 11 септември 2023 година, папата Фрањо го прими во аудиенција во Ватикан поглаварот на Маланкарската православната сириска црква во Индија, Базелиос Мартом Матеј III и му посака топло добредојде, нагласувајќи го единството, заедничката вера во Христа и потребата од исцелување на минатите поделби.
Во понеделник, на 11 септември 2023 година, папата Фрањо го прими во аудиенција во Ватикан поглаварот Маланкарската православната сириска црква во Индија, Базелиос Мартом Матеј III. Средбата со папата Фрањо претставува и прва официјална посета на Католикосот на Ватикан, избрана во 2021 година, на десетгодишнината од посетата на неговиот претходник, Базелиос Мартом Павле II.
Средбата се совпаѓа и со 40-годишнината од првата посета на Рим. „Вашето пристигнување, рече Папата, се совпаѓа со четириесетгодишнината од првата посета на Рим од страна на Католикосот на вашата сакана црква во 1983 година од Неговата Светост Базелиос Мартом Матеј I, кого свети Иван Павле II. го посети три години подоцна во катедралата Мар Елија во Котајам“.
Во своето обраќање Светиот Отец изрази благодарност за зближувањето на двете Цркви, по вековното раздвојување, кое започна со Вториот ватикански собор, на кој Маланкарската православна сириска црква испрати набљудувачи. Потоа Папата ги истакна историските посети и средби меѓу нивните претходници „Да ви кажам, Ваша Светост, дека овде сте дома, како сакан и долгоочекуван брат“, рече Светиот Отец.
По приватната средба со Папата, Католикосот ја посети ватиканската Дикастеријата за единство на христијаните. Во недела, 10 септември служеше во Папската базилика Свети Павле надвор од ѕидините во Рим за верниците на Маланкарската православната сириска црковна заедница што живее во Рим.
Ватикан њуз/к.мк