Папата Фрањо во пораката за Светскиот ден на мисиите: Сите сме повикани да сведочиме

Папата Фрањо во пораката за Светскиот ден на мисиите: Сите сме повикани да сведочиме

„Ние не можеме да не зборуваме за она, што сме виделе и чуле“ – се зборови од Делата на светите Апостоли, кои се земени за тема на пораката на папата Фрањо за 95. Светски ден на мисиите, кој се слави во октомври. Пандемијата донесе тага и разочарување – пишува папата Фрањо – и истакнува дека Црквата денес има потреба од срца способни да одат во перифериите на светот

Сите нас нè потсетува во Христа дека светот во кој живееме и неговата потреба за откупение не се туѓи, па дури и нè повикува да се чувствуваме како активен дел од тоа послание; никој не може да се чувствува туѓ или далечен во однос на таа сочувствителна љубов – пишува папата Фрањо во пораката за 95. Светски ден на мисиите, кој ќе се слави во октомври.

Во својата порака, Папата потсетува на времето на првите христијани, кои не беа лесни. Тие го започнале својот верски живот во средина што не била склона кон нив, па дури и опасна. Маргинализацијата и заробеништвото се испреплетувале и со внатрешен и надворешен отпор. Сепак, сето тоа ги поттикнувало сите непријатности, спротивставувања и тешкотии да ги претворат во можност за мисионирање. Ограничувањата и пречките станале привилегирано место за помазание на сите и на сè со Духот Господов. Ништо и никој не можеше да остане надвор од ослободителното навестување – истакнува Папата.

И сегашниот историски момент не е лесен – додава Светиот Отец – говорејќи за пандемијата, нагласувајќи дека ширењето на вирусот ја покажа и зголеми тагата, осаменоста, сиромаштијата и неправдата што многумина веќе ја трпеа. Покрај тоа, таа ја откри нашата лажна безбедност, поделби и поларизации кои тивко нè уништуваат. Најслабите и најранливите уште посилно ја почувствуваа својата слабост и ранливост. Видовме обесхрабрување, разочарување, маки – забележа Папата – дури и конформистичката горчина, која ја одзема надежта и ги освои нашите погледи.

Но, токму во вакво време – истакнува Папата – итно е потребно послание на сочувство, способно од потребната оддалеченост да направи место за средба, грижа и унапредување. Во сегашните околности, итно се потребни мисионери на надеж, помазани од Господ, кои се во можност пророчки да потсетуваат дека никој не може да се спаси сам.

Повторно спомнувајќи го примерот и сведочењето на апостолите, Папата истакна дека како нив и ние денес можеме да го допираме страдалното и славно Христово тело во секојдневниот живот и да собереме храброст со сите да ја споделиме судбината на надежта, она сигурност без сомнеж, која произлегува од спознавањето дека Господ нѐ придружува. Како христијани, не можеме да го имаме Господ само за нас; евангелизациското послание на Црквата ја покажува својата целосна и јавна вредност во промената на светот и зачувувањето на создаденото.

Темата на годинешниот Светски ден на мисиите – според Папата – е покана до секој од нас да земеме врз себе обврска и да ги запознаеме другите со она што го носиме во нашите срца. Нашиот верски живот, имено, во лична изолација, или затворајќи се во мали групи, ослабува, го губи пророштвото и способноста за восхитување и благодарност; по својата динамика, потребна е поголема отвореност, способна да допре до другите и да се прегрнат.

Папата Фрањо потоа со благодарност ги спомна сите лица кои преку своето сведоштво ни помагаат да ја обновиме нашата крштелна обврска, да бидеме великодушни и радосни апостоли на Евангелието. Особено ги споменуваме оние – истакна папата Фрањо – кои беа способни да појдат на пат, да ја напуштат земјата и семејството, така што евангелието, без двоумење и страв, може да дојде до народи и градови во кои многу животи се жедни за благослов.

На крајот Папата истакна дека на Исус денес му се потребни срца способни да го живеат повикот како вистинска љубовна приказна, која ќе ги охрабри да одат во периферијата на светот и да станат гласници и алатки на сочувство. Тоа е повик што Тој го испраќа до секого, иако не до секој на ист начин – напомена Папата и потсети дека има периферии што се близу до нас, во центарот на градот или во нашето сопствено семејство. Да се живее посланието значи да се започне со негување на чувствата на Исус Христос и со Него да се верува дека оној што е до мене е мојот брат и моја сестра ми. Неговата сочувствителна љубов нека ги разбуди нашите срца и нека нè направи сите ученици мисионери ученици – пишува папата Фрањо во пораката за 95. Светски ден на мисиите.

Ватикан нуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот