Лекарскиот тим кој го следи закрепнувањето на Папата по операцијата потврдува дека клиничкиот тек продолжува нормално и дека хемиските наоди од крвта се нормални. Папата сакаше да ги поздрави лекарите, медицинските сестри и техничарите и целиот персонал кој ја координираше, изврши и ја овозможи операцијата. Синоќа вечерал со сите што се грижат за него
Папата Фрањо утре наутро, петок, 16 јуни, ќе биде отпуштен од поликлиниката „Гемели“, каде се наоѓа повеќе од една недела поради лапаротомија и пластична операција на абдоминалниот ѕид со протеза. Ова го потврди медицинскиот тим кој го следи закрепнувањето на Светиот Отец, кој веќе извести во вчерашниот билтен, објавен преку Канцеларијата за печат на Светиот Престол, дека планот е тој да биде пуштен од болница, следејќи го и клиничкиот тек, кој продолжува да е уреден, без компликации.
Тестовите на крвта се нормални
Оваа информација ја потврди лекарскиот тим во денешното соопштение за медиумите, во кое се наведува дека папата Фрањо добро се одмарал во текот на ноќта и дека хемиските наоди од крвта се нормални. Светиот Отец синоќа вечерал заедно со сите кои се грижеа за него од денот кога беше хоспитализиран, а утрово во знак на благодарност го прими целиот оперативен тим кој го сочинуваат лекари, медицински сестри и техничари. социјално-здравствени и помошни работници, кои од 7 јуни координирано, ја извршија хируршката процедура.
Ватикан њуз/к.мк