Папата Фрањо во Казахстан: На светот му треба мир и хармонија

Папата Фрањо во Казахстан: На светот му треба мир и хармонија

Во првиот говор во рамките на Апостолското патување во Казахстан, Папата на средба со претставниците на граѓанските власти поттикна негување на хармонијата, за да преовладува во земјата мирот и демократијата.

Пристигнувајќи во Казахстан, папата Фрањо веднаш во втроник 13 септември 2022 година во попладневните часови, во главниот град на Казахстан, Нур-Султан, се сретна со претставници на владата, граѓанското општество и дипломатскиот кор, на кои им упати срдечен поздрав, нагласувајќи дека пристигнал во таа земја како ходочасник на мирот, барајќи дијалог и единство. Уште на почетокот на говорот Светиот Отец истакна дека на светот итно му е потребен мир и за да ја пронајде повторно хармонијата. Хармонијата во оваа земја добро е претставена со еден од најважните симболи на Казахстан, традиционалниот карактеристичен музички инструмент „домбра“.

Домбра

Домбра се користи уште од средниот век и го придружува рецитирањето на саги и поезија низ вековите, поврзувајќи го минатото со сегашноста. Како симбол на континуитет во различноста, нејзиниот ритам го следи сеќавањето на вашата земја, потсетувајќи на важноста и покрај брзите економски и општествени промени кои се во тек, да не се занемат врските со животите на оние кои заминале пред нас.

Сеќавањето – незаменлив пат кон иднината

Папата потоа истакна дека Казахстан – кој папата Иван Павле II за време на неговата посета на таа земја ја нарече „Земја на маченици и верници, земја на прогонети и херои“, „Земја на мислители и уметници“ – чува славна историја на култура, човечност и страдање. Светиот Отец потсети на затворските логори и масовните депортации што се случија во историјата на таа земја, како и на фактот дека, и покрај тоа, казахстанскиот народ не дозволи да останe заробениk на тие неправди; од сеќавањето на изолацијата процвета грижата за инклузија. Споменот на страдањата и искушенијата што ги преживеавте нека бидaт незаменлив дел од вашето патување кон иднината, ставајќи го на прво место човечкото достоинство, достоинството на секој човек и секоја етничка, социјална и религиозна група – рече Папата.

Земја на средби

Враќајќи се во мислите повторно на домбрата, Папа забележа дека таа се свири со допирање на две жици. И Казахстан ја означува способноста за склад меѓу „две паралелни жици“: помеѓу ниските зимски температури и високите летни температури, помеѓу традицијата и напредокот, симболизирани со средба на историските и модерните градови. Но, најмногу од се, земјата одекнува со „нотите“ на две души, азиска и европска, кои ја сочинуваат постојаната мисија за поврзување на тие два континента.

Признавање на правата

Околу сто и педесет етнички групи и повеќе од 80 јазици, со нивната историја, различни културни и религиозни традиции, го прават Казахстан единствена мултиетничка, мултикултурна и мултирелигиозна лабораторија, откривајќи го нејзиниот посебен повик да биде земја на средби. Религиите посебно се повикани да придонесат за тоа – истакна Папата, напоменувајќи дека затоа ќе учествува на VII. конгресот на поглаварите на светските и традиционалните религии што почнува утре.

Затоа, Уставот на Казахстан предвидува слобода на вероисповед и уверување – истакна Папата и нагласи: Здравиот секуларизам, кој ја препознава драгоцената и незаменлива улога на религијата и се спротивставува на екстремизмот, е важен услов за еднаков третман на секој граѓанин, како и за поттикнување на чувството за припадност на земјата кај сите нејзини етнички, јазични, културни и религиозни компоненти. Верската слобода е најдобриот канал за граѓански соживот – додаде папата Фрањо.

Светиот Отец забележа дека таа потреба е запишана во самото име на тој народ, бидејќи зборот „Казах“ се однесува токму на одење во слобода и независност. Во оваа смисла – посочи тој – сакам да ја изразам мојата почит кон афирмацијата на вредноста на човечкиот живот преку укинувањето на смртната казна, во име на правото на секој човек да се надева.

Улогата на демократијата

Папата потоа истакна дека знае оти, особено во последните месеци, во земјата започна процес на демократизација, чија цел е зајакнување на надлежностите на Парламентот и локалните власти и општо, за поголема распределба на власта. Тоа е потребен, но и напорен процес, кој бара истрајност во одење кон целта без враќање назад. Имено, довербата во оние кои владеат расте кога ветувањата не се инструментализирани, туку вистински се спроведуваат.

Неопходна е и борба против корупцијата – продолжи Папата, кој на вистинскиот демократски политички стил гледа како на најефективен одговор на можниот екстремизам, персонализам и популизам, кои се закануваат да ја загрозат стабилноста и благосостојбата на народот. Дополнително, постои и потреба од одредена економска сигурност, што е предизвик кој го засега целиот свет, а чиј сеопфатен развој е заложник на широко распространетата неправда поради нерамномерната распределба на ресурсите. Затоа, задача на државата, но и на приватниот сектор е да се однесуваат кон сите праведно и со еднакви права и должности и да го промовираат економскиот развој, не врз основа на заработката на неколкумина, туку врз основа на достоинството на секој работник.

Семе на надеж за идните генерации

На крајот од говорот, Папата изрази длабока благодарност за отфрлањето на нуклеарното оружје и за развојот на енергетските и еколошките политики насочени кон декарбонизација и инвестиции во чисти извори. Ова, заедно со посветеноста на меѓурелигискиот дијалог, е семе на надежта посеано во заедничката почва на човештвото – посочи папата Фрањо. Потоа ја вети близината на Светиот Престол, со која Казахстан воспостави дипломатски односи пред 30 години. Ве уверувам дека католиците, присутни во Централна Азија уште од античко време, сакаат да продолжат да бидат сведоци на духот на отвореност и дијалог со почит, без дух на прозелитизам – рече папата Фрањо и се заблагодари за добриот прием, повикувајќи го Бога да го благослови повикот за мир и единството на Казахстан, земјата на средби.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот