Во саботата, 27 јануари 2024 година, во салата за конзисториуми во Апостолската палата во Ватикан, Светиот Отец во аудиенција ги прими амбасадорите на Суверениот ерусалимски, родоски и малтешки болнички ред, попознати како Суверен витешки малтешки ред.
Веќе со векови, вашиот Ред служи на Бога и на Црквата со исполнување на целите за кои сте основани од блажениот Жерар, имено: „да ја промовирате славата Божја и посетување на членовите преку tuitio fidei и obsequium pauperum, зачувување на верата и служење на сиромашните: и двете“, рече Папата на почетокот на своето обраќање до амбасадорите на Суверениот витешки малтешки ред.
Што се однесува до служењето на сиромашните, продолжи Папата, имате многу знаковен начин со кои им се обраќање на оние на кои им помагате: „господа, болни“. Кон нив се однесувате како со господа и тоа е навистина убаво. Со тоа што им служите, вие служите на Исус. Непосредно пред неговото страдање, како што истакнуваат Евангелијата (сп. Матеј 26,6-13; Иван 12,1-8), Марија од Витанија му искажала почит помазувајќи му ги нозете со миризливо, многу скапоцено, вистинско нардово масло. Христос многу убаво го прими тој гест и на негодувањето на оние кои го сметаа тоа за растурање, го откри значењето на тој чин на љубов, кој го направи таа за неговиот погреб.
Како што Марија во Витанија го искажа својот obsequium на Господа, кој, иако богат, стана сиромашен заради нас (сп. 2 Коринтјаните 8,9), така и ние, неговите ученици, сме повикани да продолжиме да му оддаваме чест во сиромашните – и во таа прилика рече Учителот – кои секогаш го имаме со нас (сп. Иван 12, 8). И од нас се бара тоа да го правиме со љубов и понизност, без реторика и покажување, истакна Папата.
По гестот на Марија, Исус додава: „Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие по цел свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа што го направи таа” (Матеј 26,13). Така Христос го спои проповедањето на Евангелието и пофалбата за служење на сиромашните. Имено, tuitio fidei и obsequium pauperum се нераскинливо поврзани. И кога ќе се приближиме до најмалите, болните, ужалените, да се потсетиме дека она што го правиме е знак на Исусовата сочувство и нежност. Во оваа смисла, вашата работа не е само хуманитарна, како што е случајот со работата за пофалба на многу други институции, туку е чин на вера, кој покажува слава на Бога во служењето на најслабите и сведочи за Господовата наклонетост кон нив, рече Папата во обраќањето до членовите на Суверениот малтешки ред.
Во продолжение Светиот Отец истакна дека од оваа перспектива мора да се гледа и на дипломатските активности што ги спроведуваат членовите на тој Ред во многу делови од светот, во 113 земји и во 37 мисии на меѓународни организации. Ова секогаш е активност на установа со посветен живот.
Папата ја истакна важноста на Малтешкиот ред во светот, како орудие на апостолско делување, со негова подреденост, како установа на посветен живот, на Светиот Престол и неговата послушност кон Папата, како врховен поглавар на сите установи на посветен живот (сп. ЗКП, 590). Затоа е важно да се воспостави однос на плодна соработка меѓу дипломатскиот претставник на Редот и локалниот папски легат, во заедничко дејствување за доброто на Црквата и општеството. Подеднакво, поврзаноста на тој Ред со Папата не е ограничување на неговата слобода, туку старателство, што се изразува во грижата на Петар да го обезбеди неговото најголемо добро, како што се случило повеќе пати со директни интервенции во моменти на тешкотии.
Според тоа, поврзаноста на Малтешкиот ред со Светиот Престол не ја намалува важноста на нејзините дипломатски претставништва, напротив, ни овозможува уште поцелосно да го разбереме нивното значење, како канал на апостолско-добротворна дејност на тој Ред, особено отворено и дарежливо онаму каде што е најпотребно. Многу ми се допаѓа терминологијата што ја користат некои од вас, кои ја сметаат вашата дипломатија за „хуманитарна“. Дипломатскиот претставник е носител на харизмата на Редот, поради што се чувствува повикан да ја изврши својата служба како црковно послание. Оваа посебна природа на вашата дипломатија, не само што не ја намалува нејзината важност, туку е вредно сведоштво, елоквентен знак и за другите амбасади, така што нивните постапки се насочени и кон конкретното добро на луѓето, а најслабите се високо ценети, рече Папата на крајот од своето обраќање до амбасадорите на Суверениот малтешки витешки ред.
Ватикан њуз/к.мк