Папата Фрањо уште еднаш повика на мир во пораката испратена до учесниците на „Меѓурелигиското ходочастие на солидарност со украинскиот народ“, кое започна на 10 април во Романија, а заврши на 12 април 2022 година во украинскиот град Черновци. Ова е прв дозволен настан од почетокот на конфликтот. Мораме енергично да го кренеме гласот за да бараме, во името на Бога, крај на овие грозоморни дела.
Страдањето што го претрпеа многу слаби и беспомошни луѓе; бројни масакрирани цивили и млади невини жртви; очајното бегство на жените и децата… Сето тоа ја потресува нашата совест и нѐ обврзува да не молчиме, да не бидеме рамнодушни кон насилството на Каин и плачот на Авел, туку енергично да го кренеме својот глас за да бараме, во името на Бога, крај на овие одвратни дела. Според зборовите на папата Фрањо, тој повторно повика на мир, во пораката испратена до организаторите и учесниците на „Меѓурелигиското ходочастие на солидарност со украинскиот народ“, кој започна на 10 април во Романија, а заврши на 12 април попладне со јавен настан во Черновци, југозападна Украина.
Момент на зло
Светиот Отец во својата порака истакна дека моментот во кој живееме нè плаши, бидејќи низ него минуваат зли сили, а потоа, цитирајќи ја енцикликата „Fratelli tutti“, објасни дека суровите и болни настани на кои сме сведоци премногу денови потврди дека војната е неуспех на политиката и човештвото, срамно предавство, пораз пред силите на злото. Потоа упати уште еден апел, повикувајќи ги владетелите, особено оние кои се повикуваат на светите начела на религијата, да го послушаат Словото Божјо кое вели: Имам планови за мир, а не за несреќа.
Религиите посветени за мир
Има бројни верски водачи кои учествуваат во ходочастието на мирот, христијански претставници, еврејски, англикански, хиндуистички, будистички, православни и муслимански. Сите заедно учествуваа на настанот вчера попладне – првиот дозволен по избувнувањето на војната – што се одржа во главниот театар на украинскиот град Черновци. Целта – напишаа организаторите – е да се донесе мир и да се обидат да ги залечат раните.
Настан на пријателство и солидарност
Средбата, организирана од глобалната непрофитна организација Peace Department и Elijah Interfaith Institute, вклучи директни сведоштва од оние кои сами ги доживеаја ужасите на војната. Секој верски водач учествува говорејќи на теми за мир, пријателство и утеха – објасни фра Масимо Фусарели, генерален министер на редот на Малите фратри и додаде: Освен тоа, се прикажуваат видеозаписи пропратени со убава музика и сето тоа го пренесуваше украинската телевизија. Ова се случува кога религијата е навистина вдахновена да го бара Бога. Во спротивно не припаѓа на вистинскиот религиозен дух – рече фра Масимо.
Поддршка на браќата
Генералниот министер на Редот на малите фратри го продолжува своето патување во Украина за да посети три фрањевски монашки заедници каде ќе се сретне со бегалци на кои им е потребна грижа и поддршка. Откако почна војната, почувствував потреба да одам во Украина – рече фра Масимо Фусарели. Тоа беше внатрешен повик. Тргнав кога се укажа прилика, додаде тој, и сега сум тука за да бидам близок со моите браќа и да им ја донесам материјалната помош што ја собираме низ светот. Неговото патување ќе заврши на 16 април во Калварија, Полска, каде фрањевците се присутни со структури за прием на украински бегалци.
Ватикан њуз/к.мк