За време на пладневниот говор на папата Фрањо ги поттикна верниците да мислат на големи работи кои Бог ги прави во нивните животи и да му благодарат, како што тоа го направи Марија во химната „Величај“
Многу поголемо достигнување од освојувањето на Месечината е влегувањето на Марија во рајот. Таму не е само со духот, туку и со телото. Тој чекор на малата Девица од Назарет бил голем скок напред за човештвото. Малку ни користи да се оди на Месечината, ако на Земјата не живееме како браќа – истакна папата Фрањо во пладневниот говор на 15 август, на празникот Вознесение на блажена Девица Марија во небо. Тој празник, кој што папата Пио XII го прогласи со догма, верска вистина, на 1 ноември, пред 70 години е причина за надеж – рече папата Фрањо.
Тоа што некој од нас со тело престојува на Небото, ни два надеж – рече Папата и додаде: Така сфаќаме дека сме скапоцени, предодредени за воскресение. Бог нема да дозволи нашето тело да исчезне, не оставајќи белег. Со Бог ништо не се губи! – истакна папата Фрањо. Со Марија е постигната целта и пред очи ја имаме причината за своето чекорење, не затоа за да освоиме нешто тука доле, што исчезнува, туку за да добиеме татковина таму горе, која е засекогаш. Ѕвездата која нѐ води на тој пат е Марија. Таа свети над патувачкиот Божји народ како знак на сигурна надеж и утеха – рече Папата потсетувајќи на соборската конституција ‘Lumen gentium’ (br. 68).
Што всушност ни советува нашата Мајка? – праша Светиот Отец. „Мојата душа го велича Господа“ се зборови кои ни ги пренесува евангелието од денешната Литургија. Навикнати на тие зборови, можеби повеќе не го забележуваме нивното значење – рече Папата и објасни: Да се величи, буквално значи да се „прави голем“. Марија „го прави Господ голем“, не проблемите, кои во тој момент не им биле малку, туку го прави Господ голем.
Колку пати ние, спротивно на тоа, дозволуваме да нѐ надвладеат тешкотиите и да нѐ опфатат стравовите. Марија тоа не го дозволува, затоа што Бог го поставува за голем во својот живот. Од таму произлегува „Величај“, тука се раѓа радост, не се раѓа заради непостоењето на проблемите, кои пред или после ќе се појават, туку заради присутноста на Бог кој ни помага, кој е со нас. Затоа што Бог е велик и гледа на малите – објасни Папата.
Господ прави чуда со малите, со оние кои не се сметаа големи, туку во својот живот даваат многу простор за Бог. Тој го шири своето милосрдие на оние кои се надеваат на Него и ги возвишува непознатите. Марија заради тоа го фали Бога. А ние, дали некогаш се потсетуваме да заблагодариме на Бог? – праша Папата. Дали му благодариме за големите работи кои ги прави за нас? За секој ден кој ни го дарува, затоа што нѐ љуби и секогаш ни простува, за неговата нежност?
Дали му благодариме затоа што ни ја даде својата Мајка, за браќата и сестрите кои ни ги става на патот, дали му благодариме затоа што ни го отвори Небото? Ако го заборавиме доброто, срцето ни станува мало. Но ако како Марија се спомнуваме на големите работи кои Господ ги прави, ако барем еднаш на ден го величиме, правиме веќе голем чекор напред. Ако кажеме „Благословен е Господ“, тоа е мала благодарна молитва. Така срцето ќе се отвори и радоста ќе биде поголема. Да ја молиме Богородица, вратата небеска, за милост секој ден да го започнуваме подигајќи го погледот кон небо, кон Бога, како би му кажале: Благодарам! – поттикна на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк