На 22 јули 2019 година папата Фрањо до надбискупот Хуан дел Рио Мартин воен ординариј за Шпанија упати телеграма со сочувство за смртта на кардиналот Хозе Мануел Естепе Ллауренс.
Во телеграмата со сочувство папата Фрањо изрази сочувство за смртта на кардинал Хозе Мануел Естепе Ллауренс воен ординариј во Шпанија во пензија, кој почина на 21 јули на 94 години. Папата со благодарност се спомна на ликот на воениот ординариј во Шпанија како и на плодовите на неговата работа, во телеграмата со сочувство која ја испрати до монс. Хуан дел Рио Мартин сегашниот воен ординариј, замолувајќи го епископот неговото сочувство и духовна близина да ги пренесе на роднините на благопокојниот кардинал, до свештениците и до сите верници. Освен тоа Светиот Отец ги загарантита молитвите за вечен покој на кардиналот и им поделува апостолски благослов како знак на верата и надежта во воскреснатиот Христос.
Ватикан њуз/к.мк