Папата упати порака до надбискупот на Агригента по повод првата годишнна од посетата на Лампедуза

Треба да се наведнеме пред доселениците, без сметки, без страв, нежно  со разбирање, ова е повикот содржан во пораката што папата Фрањо ја упати до надбискупот на Агригента, монсињор Франческо Монтенегро, по повод првата годишнина од посетата на Лампедуза на 8 јули. Поради истиот повод кардналот Антонио Марија Вељио, претседател на Папскиот совет за душегрижнштво на бегалците и патниците, во неделата на 6 јули, на Лампедуза служеше света Литургија.

Бегалците во потрага на подобар живот, и граѓаните на Лампедуза кои се завземаат во областа на солидарноста се за пофалба, ова е во центарот на пораката на папата Фрањо, дванаесет месеци по неговата посета на тој остров. По една година, проблемот на бегалците станува уште потежок, а трагедиите, за жал, се нанижуваат со голема брзина, забележува Папата. Нашите срца тешко ја прифаќаат смртта на тие наши браќа и сестри, што одлучуваат да тргнат на тие исцрпувачки патувања за да побегнат од трагедиите, сиромаштијата, војните и судирите, а сето тоа е често поврзано со меѓународната политика, предупреди Светиот Отец.

Тоа е трагедија со која треба да се соочи, не по логиката на рамнодушноста, туку по логиката на гостопримството и поделбите и тоа во име на достоинството на секое човечко битие, истакна папата Фрањо и ги повика сите луѓе да се наведнат пред тие што се во потреба, и да м пружат рака, без сметки, без страв, нежно и со разбирање. Се надевам дека надлежните институции, посебно на европско ниво, ќе бидат храбри и великодушни во помошта на бегалците, истакна на крајот Светиот Отец.

До Европа се обрати и кардиналот Антонио Марија Вељио, за време на литургијата служена на Лампедуза, откако потсети дека жителите на тој остров ее прегратка што ги прифаќа мажите и жените, децата и младите, кои допловуваат до нашиот континент. Доселениците со кои се управува исправно, во склад со правилата и безбедноста, не се закана, рече кардиналот, туку тоа е можност за Европа која денес изгледа уморно и остарено.

Кога Европа ќе ги признае христијанските корени на својата великодушна отвореност кон ближниот, континентот се подмладува, бидејќи неговите корени се обележани со прифаќање, почит кон различните и барање на општо добро, додаде кардиналот и запраша: „Како можеме да го отфрлиме, повторно да го фрлиме во море или вратиме во земјата од која доаѓа, човекот што бега пред заканата за сопствениот живот? Кои се нашите заслуги што можеме да живееме во таква убава земја како што е Италија, една богата и слободна земја? Што, напротив, имаат згрешено нашите браќа, за да живеат во земји во кои владее глад и во кои нема слобода?

Од тие прашања произлегува важниот проблем на распределба на светското богатство, која посебно ја погодува Африка, континент од кој доаѓаат повеќето бегалци, и која се осиромашува не само што се однесува до неговите богатства, туку и до неговата млада сила. Затоа, го молам Господ, инсттуциите на Европската Унија и целата меѓународна заедница да се уверат  да делуваат во поголема согласност и вистински дух на соработка, за да се создаде поправеден, посолидарен и похуман свет, рече на крајот кардинал Вељио.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот