Папата упати повторно апел за мир во Украина

Кон крајот на Генералната аудиенција во среда 4 февруари папата Фрањо упати уште еднаш апел за мир во Украина.

Уште еднаш моите мисли летат кон саканиот украински народ. Состојбата се влошува и ставовите на завојуваните странистануваат потврди. Пред сè молиме за жртвите меѓу кои има многу цивили и за нивните семејства и од Господ молиме што побрзо да го смири ова братоубиствено насилство. Го обновувам апелот да не се штедат напорите – па ниту на меѓународно ниво – сè да се направи и повторно да започне дијалогот, единствениот начин кој може да донесе мир и слога во ова измачена земја.

Драги браќа и сестри кога ги слушам зборовите „победа“ или „пораз“ во своето срце чувствувам голема болка и жалост. Тие не се праведни зборови – единствен праведен збор е: „мир“. На вас мислам драги браќа и сестри Украинци… Размислете ова е војна помеѓу христијани! Сите вие имате исто крштение, размислете за таа соблазна. Сите молиме бидејќи во време на војување нашиот протест пред Бог е молитвата – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот