Папата упати писмо повод одбележувањето на 50 годишнината од прогласувањето на света Тереза Авилска за научителка на Црквата
Папата Фрањо испрати писмо до епископот на Авила, Гил Тамајо по повод 50 годишнината од прогласувањето на света Тереза од Исус за научителка на Црквата, објави на 13 април е од Ватикан.
Света Тереза од Исус научителка на Црквата како прва жена со тој наслов ја прогласи на 27 септември 1970 година свети Павле VI. По повод 50 годишнината од тој настан во Авила е организиран меѓународен конгрес „Света Тереза од Исус – исклучителна жена“ кој започна на 12, а ќе трае до 15 април.
Светиот Отец на епископот од Авила му напиша дека проглсувањето за научителка на Црквата на света Тереза било признание на „скапоцената наука која Бог ни ја упати преку нејзините списи и сведоштвата на нејзиното живеење.“
„Пламенот кој Исус го запалил во Тереза продолжува да свети во овој свет секогаш во потреба од храбри сведоци кои се способни да го срушат секој ѕид било физички, егзистенцијален или културолошки“, пишува Папата. Ја истакнува исто така интелигенцијата на Тереза и упорноста на кои им се придружува „чувството за убавина и духовното мајчинство кон сите кои се држеле за нејзиното дело. Таа е пример за „изворедните улоги кои жените ги имале во текот на историјата во Црквата и во општеството“, рече Папата.
Светицата од Авила и денес зборува благодарение на своите списи, а нејзината порака и пример се за сите „кои чувствуваат повик за монашки живот“, како и оние „кои сакаат да напредуваат на патот на чистење од секоја световност, што доведува до соединување со Бог, до длабоко престојувалиште во внатрешниот замок“, истакнува папата Фрањо.
На крајот Светиот Отец потсетува на големата побожност на света Тереза кон свети Јосиф и поттикнува на понатамошно продлабочување на нејзините пораки и наука.
Ватикан њуз/к.мк