Папата: Сè уште има предрасуди кон Ромите и болни ситуации со кои треба да се соочат

Папата: Сè уште има предрасуди кон Ромите и болни ситуации со кои треба да се соочат

Папата Фрањо испрати порака по повод 600 години од присуството на Ромите во Шпанија: во вашата историја има маргинализација и отфрлање, но Господ секогаш бил со вас. Папата ги охрабри да бидат ходочесници на надежта за бројни луѓе кои ја изгубиле радоста на животот

Историјата на Ромите, кои 600 години се присутни во Шпанија ќе бидат одбележани во 2025 година, често е со недоразбирање, отфрлање и маргинализација. Затоа папата Фањо сака да ја одбележи оваа важна годишнина со порака во која уште еднаш ја истакна Божјата близина со овие луѓе и во најтешките моменти. „Бог, кој е ходочесник во историјата со човештвото, стана номад со ромскиот народ“, пишува Папата во текстот потпишан на 9 декември во Свети Иван Латерански, а објавен во недела, 12 јануари 2025 година.

Нов пат кон инклузија

Во својата порака, објавена целосно на шпански, Папата ги истакнува „напорите направени во последните децении од страна на Ромите, Црквата и целото шпанско општество да преземат нов пат кон инклузија кој го почитува нивниот сопствен идентитет“. „Тоа е пат кој донесе многу плодови, но мора да продолжиме да работиме“, апелира папата Фрањо, „бидејќи сè уште има предрасуди што треба да се надминат и болни ситуации со кои мора да се соочиме“. Како што нагласува Светиот Отец, „меѓу нив има семејства кои имаат потреба – но не знаат како – да им помогнат на своите деца во тешкотии, сиромашни кои имаат потешкотии во учењето, млади луѓе кои не можат да најдат пристојна работа и жени кои трпат дискриминација и во семејството и во општеството“.

Црква која ширум ги отвора своите врати

Папата Фрањо им ја повтори на Ромите „незаборавната“ порака на Свети Павле VI, пренесена во Помезија во 1965 година пред илјадници Роми од целиот свет: „Вие сте срцето на Црквата. Вие сте сакани ќерки и синови Божји …“ Во оваа Црква, истакна Папата, многу луѓе одговорно и со љубов застанаа во одбрана и целосен развој на ромскиот народ. „Тоа е Црква која сака да продолжи ширум да ги отвора вратите, за сите да се чувствуваме како дома“, напиша Папата, уверувајќи дека „Бог не дозволува да бидеме поразени во великодушноста и дека затоа Он ќе направи, љубовта и времето кое овие луѓе го посветија и продолжуваат да го посветуваат на пасторалната грижа на Ромите, да донесе плод“.

Вредности кои треба да се понудат

Во таа смисла, папата Фрањо потсетува на неодамнешната Синода, која повторно ја истакна важноста на „заедничко одење“. „Одете заедно“ е повикот кој го упати и до шпанските Роми: „Одете заедно со епископите, одговорните во различни пасторални програми, парохии, братства, здруженија и други епархиски реалности. „Да одиме заедно, бидејќи силата на евангелието во Црквата ќе ги прочисти и прошири вашите вредности и култура“, повика Папата, потсетувајќи дека номадските народи имаат многу да понудат на Црквата и на општеството: „На пример, почитта кон постарите и чувство за семејство, грижата за создаденото, ходочесничка посветеност кон небесната татковина, способност да се задржи радоста и славењето дури и ако има темни облаци на хоризонтот; важноста на работата – толку често погрешно сфатена – како средство за егзистенција, а не за акумулација. Овие вредности не се само евангелски, туку и пророчки и контракултурни во ова време“, рече Папата.

Ширете ја радоста на животот

Оттука и повикот да се шири радоста на живата вера, надежта и христијанската љубов, особено кон младите луѓе на кои им е тешко да го најдат Бог во и надвор од Католичката црква. „Со вашите зборови, посветеност и братство, бидете ходочесници на надежта за бројни луѓе кои ја изгубиле радоста на животот“, ги повика Папата, охрабрувајќи ги секогаш да ги држат вратите на нивните заедници отворени за оние кои повеќе не ја слават верата на Католичката црква, „секогаш нудејќи им пријателство и дијалог типични за оние кои, како нас, се повикани да живеат во братство, без оглед на нашите разлики“.

Примерите на блажените Емилија Фернандез Родригез и Чеферин Гименез Мала

На крајот од пораката, тој се осврна на блажените Роми Емилија Фернандез Родригез и Чеферин Гименез Мала, учители на верата и животот на Ромите, „тие скромни и храбри луѓе кои самоуверено ја отворија својата маленост за Божјата големина и кои нè потсетуваат на важноста на молитвата, на средбата со Бога, изворот на радост, братство, надеж и љубов“, заклучи Светиот Отец и повтори неколку зборови од ромската химна – Opre Roma, isi vakst akana! Devlesa romá – Станете Роми, сега е време! Господ нека биде со Ромите!

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот