Папата: Стани, погледни и надевај се

Папата: Стани, погледни и надевај се

По повод 25 годишнината од своето бискупско ракополагање, Папата денес со кардиналите присутни во Рим, служеше света Литургија за благодарност, на 27 јуни 2017 година во капелата Паолина во Ватикан.

Во проповедта го истакна посланието на Авраам и три императиви: стани, погледни и надевај се. Тие се – смета Светиот Отец – упатени до сите нас.

Во читањето кое го слушнавме, дијалогот помеѓу Бог и Авраам продолжува. Дијалогот претходно започнал со тоа „излези, од земјата своја.“ Во продолжение на дијалогот, наоѓаме три импративи: стани, погледни, надевај се. Тие три императиви ја означуваат патеката по која Авраам треба да оди, но и внатрешниот став. Стани, погледни, надевај се.

„Стани“ – оди, не застанувај; немој да стоиш; имаш задача, послание кое треба да го извршиш во одење. Немој да седиш, туку стани на нозе. Авраам е во постојано движење и оди. Симболот на таа динамика е „шаторот.“ Било кога да застане, Авраам го распнува шаторот. Никогаш не подигнувал „куќа“ – единствено што подигнувал бил олтарот во чест на Оној Кој му рекол: „стани и оди“ – рече Светиот Отец.

„Погледни“ – тој е вториот императив. Погледни до каде погледот ти достигнува; погледни кон хоризонтот и оди напред. А „мистичноста на хоризонтот“ е секогаш да се гледа напред и колку повеќе напредуваш кон него, толку тој понатаму продолжува. Управи го погледот кон напред и оди кон хоризонтот.

Третиот императив: „Надевај се.“ Да, убав е тој наш дијалог и ми даде многу, но мојот потомок останува овој слуга…“ Потомок ќе имаш и ќе излезе од тебе. Надевај се.“ И тоа му го рече на човек кој не можел да има потомство: дали заради својата возраст или заради неплодноста на својата жена. Но, Бог останува доследен на она што го кажал: „потомство ќе излезе од тебе.“

Твоето потомство ќе биде како зрната песок. Ако можеш да ги преброиш зрнцата песок на земјата, ќе можеш да го преброиш и своето потомство. Подигни го својот поглед и погледни го небото. Преброј му ги ѕвездите ако можеш. Толку бројно ќе биде твоето потомство. И поверува Авраам, што Бог му го сметаше за праведност. Од верата на Авраам, што Господ му го смета за праведност. Од верата на Авраам извира онаа праведност која Павле ќе ја понесе напред како би го објаснил оправдувањето (преку верата). Стани погледни кон хоризонтот – не гледај ѕидови – само хризонтот и надевај се – а надежта без свој хоризонт – како што е без ѕидови, исто така е и без хоризонт – рече Светиот Отец.

Кога Авраам бил повикан, повеќе или помалку, бил на наша возраст. Бил за во пензија или веќе во пензија, да одмори. Но, започнал на таа возраст. Старец на возраст која со себе носи и болки и болести, како да се работи за некое момче или скаут, вели стани и оди. Гледај и надевај се. Ова Божјо Слово е исто така и за нас. Повеќе или помалку сме на возраста на Авраам и нам Господ ни го вели истото што и на Авраам: „стани, погледни и надевај се.“ Вели дека е часот за да се затвориме и да се заклучиме во сопствената историја. Господ ни вели дека нашата историја сѐ уште е отворена и ќе биде отворена до крајот; и отворена е со тоа послание и со тие три императиви: „стани, погледни и надевај се“ – рече папата Фрањо…

Некој кој не ни сака добро, вели дека сме „геронтизација“ или застареност на Црквата, но станува збор за исмевање и сарказам, но тој не знае што зборува. Ние не сме „фосили“, туку сме дедовци – и ако тоа не го чувствуваме – треба да молиме за милоста да го почувствуваме. Дедовци, во кои нашите внуци го насочуваат својот поглед; дедовци кои треба од сопствено искуство да дадат смисла на животот. Дедовци кои не се затворени во својата меланхолија, туку отворени за давање. А за нас она: „стани, погледни и надевај се,“ значи „сонувај.“ Ние сме дедовци повикани да сонуваме и да ги предадеме своите соништа на денешните млади на кои им требаат. Бидејќи од нашите соништа тие црпат сила за да пророкуваат и да ја понесат напред оваа задача.

Папата потоа се присети и на библискиот пример за светите старци: Симеон и Ана, кои имале голема способност да сонуваат за што разговараше и со другите. Ана одела наоколу и проповедала „оној е“ „тој е Он“ (за Месијата). Тој бил сонот на нејзиниот живот – рече Папата.

Тоа е она што Господ го бара денес и од нас. Да имаме – како дедовци и баби – способност на младите да им го дадеме своето најдобро; да не се затвораме. Младите го очекуваат нашето искуство и нашите позитивни соништа; ги очекуваат за да го пренесат понатаму пророштвото и делувањето. Папата на крајот го замоли Господ за милост собраните кардинали да бидат како дедовци; да бидат способни да сонуваат и тој свој сон да знаат да го предадат на младите, на кои им треба.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот