Папата: Средбата со Христос нека ги преобрази нашите срца
Папата Фрањо своето размислување на Генералната аудиенција во среда, 9 Октомври 2019 година на плоштадот Свети Петар во Ватикан, го посвети на ликот Савле, покасно апостол Павле. Делата на светите Апостоли го опишуваат неговиот посебен однос со Христовата љубов и неговото преобраќање. Го молиме Господ – рече Папата – да можеме да go искусиме истото како и Савле, а тоа единствено може да ни го промени срцето
Средбата со Христос нека ги преобрази нашите срца и нека нѐ поттикн на средба со другите – рече Папата. Врз основа на Делата на Светите Апостоли, Папата зборуваше за преобраќањето на Савле, кој најпрво бил прогонител на Црквата, која настанувала, а потоа станал средство кое Бог го избра за навестување на Евангелието на народите. Концентрирајќи се токму на таа темелна преобразба на Савле, Светиот Отец рече дека тој, прогонувајќи ги христијаните, мислел дека му служи на Господовиот закон, и дека во него се наоѓал „здив на смртта“.
Вие кои доаѓате од народи кои беа прогонувани од диктатурите, добро разбирате што значи да се гонат луѓе и да се затвораат – рече папата Фрањо и истакна: Младиот Савле е прикажан како непопуштлив, односно како оној кој ја покажува неподносливоста кон оние кои мислат поинаку, како оној кој го апсолутизира својот политички и верски идентитет и другиот го сведува на можен непријател против кој треба да се бори. Верата во Савле се претворила во идеологија. Се работи за верска, општествена и политичка идеологија.
Средбата со Христос му помогна на Савле да сфати дека злите духови се вистинските непријатели против кои треба да се бориме и кои владеат со светот, и дека не треба да се бориме против луѓе, туку злото кое ги вдахновува нивните дела – рече Папата и напомена: Состојба полна со судири, бес, лутина, во која се наоѓал Савле, сите нѐ повикува да се преиспитаме, како ја живееме верата? Дали одиме во пресрет на другите или сме против другите? Дали припаѓаме на универзалната Црква на добри и зли, сите луѓе или на селективна идеологија? Дали го сакаме Бог или догматските формулации? Каков е нашиот верски живот: Верата во Бог која ја исповедаме нѐ прави пријателски или непријателски расположени кон оние кои се поинакви од нас?
Кога воскреснаиот Господ се објави на Савле, како би му го допрел срцето, од него побарал сметка за она што го правел: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?” – рече Папата и додаде: Тука воскреснатиот покажува дека е едно со оние кои веруваат во Него. Да се удри по член на Црквата, значи да се удри самиот Христос. Па и оние кои се идеолози, кои во наводници, сакаат чиста Црква, удираат по Христос. Савле е заслепен од Христовата светлина, ништо повеќе не гледа и од силен човек кој имал власт и кој бил независен, станува слаб, имал потреба од други и бил зависен од други.
Но од таа средба започнува неговиот премин од смрт во живот. Од тој момент за него ќе биде важен само Христос и откако ќе прими Крштение, ќе стане средство во Божјите раце за навестување на Неговото име на сите. Така Крштението за Савле, како и за сите нас, значи почеток на нов живот, тоа е проследено со нов поглед на Бог, на себе и другите кои од непријатели стануват браќа во Христос. Да го молиме Отецот и ние како Савле да го искусиме влијанието на Неговата љубов која од камено срце може да направи срце од месо, способно во себе да ги прифати истите чувства на Исус Христос – рече на крајот папата Фрањо.
По завршување на катехезата, Папата ги поздрави присутните верници и поклоници, а посебно младенците и истакна дека за венчание денес треба да се има храброст. Повикувајќи ги сите за време на овој богородичен месец да ја наследуваат богородичната мисионерска ревност и воодушевување, и да бидат навестители на Хрисотос на сите подрачја од животот.
Ватикан њуз/к.мк