Папата Лав XIV се сретна со членовите на Редовниот совет на Генералниот секретаријат на ц, поттикнувајќи ја Црквата да продолжи по синодалниот пат на учество и заедништво.
Во четвртокот попладне, 26 јуни 2025 годинс, папата Лав XIV се сретна со Редовниот совет на Генералниот секретаријат на Епископската синода.
Во своето кратко обраќање, Папата се осврна на една мисла која, како што рече, ја смета за суштинска, пред да ги ислуша размислувањата на членовите на Секретаријатот.
Тој потсети дека папата Фрањо внесе нов поттик во развојот на Епископската синода, црпејќи вдахновение од папата свети Павле VI.
„Наследството што ни го остави, според мое гледиште, се состои токму во ова: синодалноста е стил, односно став, кој ѝ помага на Црквата да биде тоа што е – преку промовирање на автентични искуства на учество и заедништво,“ истакна папата Лав XIV.
Светиот Отец нагласи дека папата Фрањо ја продлабочи оваа визија за Синодата преку низа собири, особено оние посветени на теми што се однесуваат на семејството.
„Оваа визија доби свој полн израз преку најновиот синодален пат, посветен токму на синодалноста,“ додаде Папата.
Завршувајќи, тој рече: „Епископската синода го задржува својот институционален идентитет, а истовремено се збогатува со плодовите што созреаа во ова време. Вие сте телото на кое му е доверено собирањето на тие плодови и ангажманот во размислувања насочени кон иднината.“
Ватикан њуз/к.мк