Папата се сретна со спортисти од Италија
Папата Фрањо на 7 јуни 2014 година на плоштадот Свети Петар се сретна со околу 50 илјади спортисти, истакнувајќи ја важноста на спортот во евангелизацијата. Организаторите на средбата, по повод 70 годишнината од основањето на Италијанскиот спортски центар (ЦСИ), на папата Фрањо му преедадоа капитенска лента, како „капетан на католиците“.
Пофалувајќи ги спортските друштва како училишта на заедништво во кои нема место за егоизам и изолација, Папата ги поттикна спортските тренери да им дадат можност на сите да можат да се развиваат, а не само на оние најдобрите. Посведочи дека спортот може да биде прекрасно средство за посланието, преку кое Црквата ќе им е блиска на луѓето. Светиот Отец истакна дека е убаво кога во парохиите постојат спортски групи, но и тие мора да бидат добро вградени во животот на парохијата.
Папата потсети и на својот омилен фудбалски клуб Сан Лоренцо од Буенос Аирес, кој е формиран од католички свештеномонах по име Лоренцо Маса. На крајот папата Фрањо ги поттикна спортистите да бидат активни, не само во клубот, туку и во општеството и Црквата.
РВ/го*ко