Папата се сретна со Светиот синод на Сиро-маланкарската црква: Синодалноста е неразделна од екуменизмот
Папата Фрањо во понеделник 11 ноември 2024 година за првпат ги прими членовите на Светиот синод на Сиро-маланкарската црква во Ватикан и истакна: мора да чекориме заедно, да молиме заедно и да работиме заедно се додека не се постигне единство. Тој изрази надеж дека еден ден ќе се одржи заедничка синода за евангелизација
Папата Фрањо ги прими членовите на Светиот синод на Сиро-маланкарската црква, кои за првпат го посетија Рим и римскиот бискуп. Заблагодарувајќи им се за нивното пристигнување и пријателските зборови, на почетокот ги замоли да му ги пренесат неговите желби за добро здравје на нивниот митрополит Неговото Блаженство Теодосиј.
Црква – мост меѓу Исток и Запад
Нагласувајќи дека нивната Црква, како наследник на христијанските традиции на свети Тома, „со право е дефинирана како црква-мост меѓу Истокот и Западот“, Светиот Отец потсети дека „во последните години Провидението овозможи развој на нови односи меѓу нашите Цркви. Особено се сеќавам кога го примив митрополитот Варнава во ноември 2022 година и додаде дека овие наши контакти доведоа до почеток на официјален дијалог: првиот состанок се одржа минатиот декември во Керала, а следниот ќе се одржи за неколку недели“.
Синодалност и послание
За време на дијалогот, Папата истакна две перспективи: синодалност и послание и додаде: „Што се однесува до синодалноста, значајно е што сакавте да дојдете во посета како Свет Синод, бидејќи вашата Црква е синодална по традиција“. Спомнувајќи ја штотуку завршената Синода за синодалност, Светиот Отец истакна: „Едно од убедувањата искажани на Синодата беше дека синодалноста е неразделна од екуменизмот, имајќи предвид дека и двете се втемелени на едно крштевање што сите го примивме и на sensus fidei според кој сите христијани се учесници во истото крштевање“.
Сведочење за воскреснатиот Христос
Зборувајќи за перспективата на посланието, Папата додаде дека синодалноста и екуменизмот се неразделни, меѓу другото, затоа што и двете имаат за цел подобро христијанско сведоштво. „Убеден сум дека е заедничка работа да сведочиме за воскреснатиот Христос и тоа е начинот на кој можеме да се зближиме еден со друг. И затоа, како што предложи нашата неодамнешна Синода, се надевам дека еден ден – сите заедно – ќе можеме да славиме екуменска синода за евангелизација. А таа Синодота би била можност за заедничка молитва, размислување и ангажирање за подобро христијанско сведоштво“, заклучи Светиот Отец и ги поттикна членовите на Светиот синод на Сиро-маланкарската црква заеднички да се помолат со Господовата молитва.
Ватикан њуз/к.мк