Папата се сретна со деца болни од рак

Ватикан, 1.6.2013 /к.мк/ – Во петок вечерта, 31 мај папата Фрањо се сретна со една група деца болни од рак. Децата пациенти од римската клиника Гемели од одделението за онкологија се сретнаа папата Фрањо во капелата на домот света Марта. Родителите и негувателите ги придружуваа 22 малите пациенти на нивната средба со Папата.

Драги Папа, се радувам што денес сме во твојата куќа. Прекрасно е што можеме да те видием во реалноста, не преку телевизија. Ова го рече едно мало девојче со име Михеле, поздравувајќи го Светиот Отец. Те молиме да се молиш за сите болни деца во клиниката Гемели и во светот. Децата пред кратко време беа поклоници во француското Богородично светилиште Лурд, а потоа му напишаа писмо на Папата, праќајки му цртежи насликани од нив, со мотиви од Лурдската пештера. Ве молиме благослови ги сите мајки и татковци за да имаат секогаш насмевка како твојата. Некои родители, кога дознаа дека нивните деца се болни од рак, сигурно дека ја изгубија насмевката. Меѓу децата болни од рак кои се сретнаа со папата Фрањо имаше три братчиња, сите болни од рак.

Што прави Исус кога ќе види дека некое дете плаче?, праша папата Фрањо. Дали застанува? Да, тој застанува. Зошто? Застанува, бидејќи Исус најмногу ги сака децата. Таков е Исус. Денес на сите нас ни е близок, навистина! Исус е тука! Дали Исус е тука? Да! Дали не сака? Да! Сите нас? Да. Секогаш! Исус не сака сите нас, и тој оди со нас во нашиот живот. Дали сме среќни, или пак имаме проблеми, тој секогаш е близок со нас.

Децата му предадоа на Папата мали подароци и заедно со него молеа кратко, а потоа беа благословени од Светиот Отец. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<