Папата се моли за 43 –та мексикански студенти
На крајот на Генералната аудиенција во среда на 29 октомври на плоштадот Свети Петар папата Фрањо потсети за случајот со 43-та мексикански студентите киднапирани на 26 септември во Игуала, во мексиканската држава Гуереро. Тие најверојатно се жртви на криминалните нарко банди, а според некои локални извори студентите се изгорени живи.
Денес сакам да ја воздигнам молитвата и на нашето срце да го приближам до Мексиканскиот народ кој страда заради исчезнувањето на студентите и бројни слични проблеми, молејќи нашето братско срце да им биде близу – поттикна Светиот Отец.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан